Заврши полициската акција за релокација на бегалците од имровизираниот камп на бензинската станица на автопатот кај Поликастро. Со 31 автобус, денеска во новиот бегалски центар Василика во Солун беа пренесни 1.158 бегалци од Ирак и од Сирија, кои со месеци се наоѓаа на бензинската кај Поликастро.
Акцијата заврши мирно и без инциденти.
Грчките власти утре продолжуваат со вториот дел од интервенцијата за да се релоцираат околу 2.000 бегалци кои се наоѓаат на двете страни на автопатот кај грчко-македонската граница, на бензинските станици кај хотелот „Хара“ во близина на Идомени и напуштената бензинска пред Евзони.