fbpx

Чешка донираше опрема на МВР за Прифатниот центар за мигранти во Табановце

-

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и амбасадорот на Република Чешка во земјава, Мирослав Рамеш, денеска го посетија Прифатниот центар за мигранти во Табановце и потпишаа декларација за донација за потребите на Прифатниот центар, соопшти МВР.

„Донацијата се состои од 10 големи шатори со систем за греење, 150 кревети со душеци на надувување со соодветни пумпи, 150 ќебиња и 150 вреќи за спиење. Вкупната вредност на донацијата изнесува 38.458 евра“, стои во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека донацијата е резултат на „активностите во рамки на Салцбуршкиот форум и неговите партнерски земји од Централна и Југоисточна Европа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...