Албанија ќе донира 100.000 евра за последиците од поплавите

Албанската Влада одлучи да испрати 100.000 евра за санирање на последиците од поплавите во настраданите подрачја во Македонија.

Веста ја соопшти министерот за финансии Дитмир Бушати, кој додаде дека продолжуваат контактите со македонските власти за добивање информации за предизвиканите штети, со цел помошта да продолжи.

– Ова е првичен фонд бидејќи македонските власти се уште немаат целосен, јасен биланс за причинетата штета и барањата. Албанија е секогаш до Македонија во секој момент – изјави Бушати.