fbpx

Холандија донира медицинска помош вредна повеќе од 500.000 евра

-

Холандската донација на медицинска помош, вредна повеќе од 500.000 евра неделава ќе пристигне во Скопје, соопшти денеска холандската амбасада во Скопје на својата официјална страница на „Фејсбук“.

„Штетите во некои реони се толку големи и затоа испраќаме медицинска помош. Многу е важно овие производи да стигнат што е можно поскоро во погодените места за да се превенира состојбата, да не дојде со влошување“, стои во изјавата на министерката за развој Лилијан Плумен.

Во соопштението се наведува дека во дваесетте палети медицинската опрема има сетови за интубација, материјали за прицврстување, кислородни маски, апарати за мерење крвен притисок, гастрични туби, ќебиња, медицински инструменти, ханзапласт и завори. Помошта се очекува во петок да пристигне во Македонија.

Минатата недела, холандскиот експерт за води, Петер Глерум допатува во Македонија за да го предводи експертскиот тим на Европска Унија кој ја проценува хуманитарната ситуација во земјата, како и да утврди колкава е штетата од поплавите кои усмртија 22 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...