fbpx
Таг: декларација

таг: декларација

Општините потпишаа декларација дека активно ќе работат на Зелената агенда

Градоначалници на повеќе општини од целата земја денеска потпишаа Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени, со која се обединуваат, заедно со Министерството за животна средина и граѓанскиот сектор, заеднички да работат на справување со локалните еколошки предизвици и да преземаат акции за прилагодување и ублажување на климатските промени. Министерката за животна средина, Каја Шукова...

Северна Македонија се приклучи на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Украина

Северна Македонија стана петнаесеттата земја која официјално се приклучи на декларацијата за безбедносни гаранции за Украина на Г7, објави вчера на Телеграм и Твитер украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски изрази благодарност до македонскиот премиер Димитар Ковачевски „за неговите лични напори за унапредување на партнерството меѓу двете земји“. Со декларацијата од 12 јули, земјите потписнички се обврзуваат на долгорочна поддршка на Украина...

Министрите за транспорт и директори на царински служби на Самитот за поврзаност во Будва

Транспортната поврзаност ја поттикнува соработката меѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската Унија, промовираат економски можности и имаат позитивен ефект врз стандардот на граѓаните од регионот. Ова беше еден од заклучоците на Самитот за поврзување 2023, кој се одржа во Будва на 15 и 16 мај, во организација на ЦЕФТА и Транспортните заедници. На настанот учествуваа министрите...

МНР: Декларацијата на бугарското Собрание може да оди во прилог само на провокаторите

Министерството за надворешни работи (МНР) преку соопштение до јавноста реагираше на декларацијата за наводна „ескалација на агресивни анти-бугарски активности во Република Северна Македонија“ што денеска ја усвои Народното Собрание на Бугарија, констатирајќи со жалење дека декларацијата несоодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи. Со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, велат од МНР, таа може да оди...

Пред распуштањето, бугарскиот парламент ги осуди „насилствата врз македонските Бугари“

Бугарскиот парламент денеска, ден пред да биде распуштен, со големо мнозинство изгласа декларација за осуда на „ескалирачките агресивни антибугарски пројави во Република Северна Македонија“. Декларацијата претставува предлог-текст што Комисијата за надворешна политика, раководена од поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева од ГЕРБ, го подготви од четирите предлози. Еден беше на пратеничката Десислава Атанасова од ГЕРБ, вториот од Андреј Ѓуров од...

Самит во Тирана – кон забрзана и/или постепена интеграција?

Самитот во Тирана од 6 декември се означува како „прв самит одржан во некоја од земјите во регионот“. За волја на вистината, првиот самит одржан во некоја од земјите во регионот беше во 2000 година во Загреб, тогаше кога Хрватска не само географски, туку и формално припаѓаше на политичката конгломерација „Западен Балкан“. Меѓутоа, тоа воопшто не е негативна споредба...

По Бугарија, и Македонија достави еднострана изјава за јазикот

Македонија достави еднострана изјава за јазикот до ЕУ, која ќе биде приложена кон записникот од првата политичка меѓувладина конференција, откако претходно тоа го направи и Бугарија. Во изјавата се наведува дека како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на РСМ на целата територија на државата и во нејзините...

Претседателот Пендаровски ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција, во присуство на млади активисти кои учествуваа на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. По повод потпишувањето на Декларацијата, во Кабинетот се одржа тематска дебата, на која се...

Усвоена Младинска декларација за климатски промени на вчерашниот самит во МКЦ

На Младинскиот самит за климатски промени што се одржа вчера во МКЦ во Скопје под водство на младите се усвои Младинска декларација за климатски промени, со која се бара носителите на одлуки да преземат конкретни мерки за климатските промени и да се создадат повеќе можности и простор за младите да влијаат на одлуките поврзани со климатските промени, информираат од...

Евроинтеграции: „Жесток“ дијалог помеѓу земјите-членки за формулацијата на Декларацијата за Самитот во Брдо

Уште два дена нè делат од неформалниот Самит ЕУ - Западен Балкан, a не се знае со каков став ќе излезат земјите-членки. Медиумите веќе неколку недели пишуваат за можните формулации во Декларацијата од овој Самит, но се разбира тие остануваат на ниво на претпоставки. Бугарија, од друга страна, се нема поместено од своите ставови, но како и да е,...

Во Белград потпишана декларација за развој на железницата во земјите од Западен Балкан

Министрите за транспорт и врски од земјите на Западен Балкан и граничните земји на ЕУ, заедно со претставници на Европската Комисија и бројни други гости, денеска учествуваа на првиот Меѓународен самит посветен на развојот на железницата во земјите на Западен Балкан, што денеска се одржа во Белград. На Самитот министерот Бочварски, заедно со неговите колеги од другите земји, ја потпиша...

Со Декларација, земјите од Западен Балкан ќе ги враќаат укинатите меѓународни возови

Земјите од Западен Балкан во иднина би се поврзале меѓусебно и со членките на ЕУ со меѓународни експресни возови, кои веќе неколку години наназад постепено се укинуваа во регионов. Владата на РСМ на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со претстојниот Самит на Министри посветен на железници, кој е во организација на Постојниот Секретаријат на Транспортната...

Студентите ѝ ја презентираа Декларацијата за млади, образование и иднина на министерката Царовска

Претставници на студентските собранија на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“ и „Универзитет на Југоисточна Европа“ вчера се сретнаа со новата министерка за образование и наука, Мила Царовска и ѝ ја презентираа Декларацијата за млади, образование и иднина. Во декларацијата претставени се барањата за реформи за поквалитетно образование, инвестиции во науката и образовната инфраструктура,...

Партиите потпишаа Декларација за приоритетно донесување на Законот за недискриминација

Седумнаесет политички партии ја потпишаа Декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) која им беше доставена од страна на девет мрежи на здруженија на граѓани, кои заедно бројат повеќе од 100 здуженија. Со барањето доставено до сите политички партии кои учествуваат на предвремените парламентарни избори, Мрежата за заштита од дискриминација бара поддршка на ЗСЗД...

Граѓанските здруженија ги повикаа партиите да потпишат декларација за приоритетно донесување на Законот за заштита од дискриминација

Девет мрежи на здруженија на граѓани кои заедно бројат повеќе од 100 здруженија ги повикуваат политичките партии кои учествуваат во парламентарните избори да ја поддржат декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на идниот парламентарен состав. „Целта на декларацијата е политичките партии да се обврзат дека овој Закон ќе го донесат веднаш по...

Заев: Имаме обврска да ги воведеме четирите слободи на ЕУ во Западен Балкан

Северна Македонија, Србија и Албанија треба да ја зајакнат регионалната сорботка и да ги воведат европските принципи на соработка и функционирање и четирите слободи на ЕУ за проток на производи, мобилност на луѓе, услуги и капитал, порача македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Нови Сад. Тој заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама,...

Заедничка поддршка од членките на ЕУ од Балканот, Македонија посебно потенцирана

Во заедничка декларација објавена утрово, министрите за надворешни работи на Бугарија, Грција, Хрватска и Романија - сите членки на ЕУ - ја потврдија својата силна поддршка за прилкучувањето на земјите од Западен Балкан кон Унијата, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија. „Ја потврдуваме нашата силна поиддршка за перспективата за присоединување на земјите од Западен Балкан и за нивната иднина...

Од годинава сите царински декларации ќе се поднесуваат електронски

Годинава сите царински деклариции и акцизни документи ќе се обработуваат електронски. Ова беше истакнато денеска при посетата на министерот за финансии Драган Тевдовски на посетата на Царинската управа. Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот-проекти царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува...

Собранието едногласно ја донесе Декларацијата за членство во НАТО

Собранието на денешното продолжение на 53. седница ја донесе Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО, со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, истакна дека неговата партија ќе ја поддржи Декларацијата и ќе даде силен придонес на патот на Македонија за полноправно членство во НАТО. - Навистина е придобивка...

ЕФБ: Декларација за европско партнерство со Балканот, се бара искреност и брзина

Европското партнерство со Балканот мора да се темели на поискрени и потранспарентни односи кои и даваат предност на демократската трансформација, се наведува во Декларацијата за европско партнерство со Балканот, која беше промовирана синоќа на регионална конференција по повод 10-годишнината од Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) во Белград. На одбележувањето и на промоцијата присуствуваше и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кој...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...