fbpx

Со Декларација, земјите од Западен Балкан ќе ги враќаат укинатите меѓународни возови

-

Земјите од Западен Балкан во иднина би се поврзале меѓусебно и со членките на ЕУ со меѓународни експресни возови, кои веќе неколку години наназад постепено се укинуваа во регионов.

Владата на РСМ на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со претстојниот Самит на Министри посветен на железници, кој е во организација на Постојниот Секретаријат на Транспортната заедница, во соработка со Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за обнова и развој. Владата го овласти министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, да ја потпише декларацијата „Самит на Министри посветен на железниците – Пругите се иднината“.

„Оваа декларација, меѓу другото, предвидува повторно воспоставување на директни меѓуградски експресни возни врски помеѓу главните градови на Западен Балкан и ЕУ, за да се воспостави подобра поврзаност за деловните субјекти и луѓето, дигитализацијата на железничките системи за меѓусебно поврзување и овозможување на размена на податоци за прекуграничен превоз на патници и товарен транспорт до крајот на 2025 година, како и склучување „One Stop Go“ договори меѓу сите регионални партнери и соседните земји на ЕУ за сите железнички гранични премини до четвртиот квартал на 2023 година, со цел да се олеснат процедурите за граничен премин за патници и товар“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Меѓународниот железнички сообраќај во земјите од Западен Балкан во изминативе години доживеа рушење на неславни историски рекорди. Северна Македонија годинава не е поврзана со ниту еден меѓународен воз со соседните земји. Експресен воз од Скопје кон Белград и Солун не е предвиден во годинешниов возен ред, додека единствениот брз воз меѓу Скопје и Приштина не сообраќа. Од земјава со години наназад не сообраќаат ниту некогашните возови кон Загреб и Љубљана, како и возот кон Црна Гора во летните месеци.

Во слична ситуација се наоѓаат и соседните земји. Белград и Приштина не се железнички поврзани, а неколку години наназад не сообраќа меѓународниот воз меѓу српскиот и босанскиот главен град. Во изминативе години се укинати и возовите меѓу Солун и Истанбул, Белград и Букурешт, додека меѓународниот железнички сообраќај меѓу балканските земји е сведен на минимум и меѓу оние дестинации кои редовно се одржуваат.

Инаку, „Мета.мк“ веќе пишуваше за потребата од воведување на заеднички железнички гранични премини меѓу земјите од Западен Балкан. Договорот за прекугранична соработка во железничкиот сектор со Косово е потпишан во 2012 година, но до денешен ден не е изградена заедничката железничка станица во Елез Хан меѓу Северна Македонија и Косово. И со Србија е потпишана спогодба во 2015 година за воведување на заедничка железничка станица во Табановце, но до денешен ден не е ниту започната изградбата на планираниот објект.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...