Борис Џонсон поднесе оставка


Лондон, 9 јули, 2018 - 16:49 (META) 

Борис Џонсон денеска даде оставка од функцијата министер за надворешни работи на Велика Британија, а премиерката Тереза Меј му ја прифати.

Џонсон е вториот министер што денеска ѝ откажа верност на Меј – утрово министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, исто така поднесе оставка.

Заминувањето на Џонсон беше соопштено непосредно обраќањето на Меј пред Парламентот за нејзиниот нов план за Брегзит што разгневи многу пратеници од редовите на ториевците.

Од Даунинг Стрит 10 соопштија дека му се благодарат на Џонсон за досегашната работа и дека неговата замена ќе биде соопштена наскоро.


Имате поддршка и пријателство од Велика Британија, му пиша Џонсон на Димитров


Лондон, 27 април, 2018 - 15:43 (META) 

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, со писмо му ја честиташе на својот македонски колега Никола Димитров 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји. Тој ја потврди поддршката и пријателството од Велика Британија и изрази надеж дека партнерството на двете држави ќе биде уште посилно во наредните години.

„Среќен сум што имам можност да одбележам 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Британија и Македонија. Во поново време, Велика Британија и Македонија соработуваа на Единбуршкиот самит во 1992 година, кога се решаваа проблеми околу признавањето на вашата земја. Британските мировни трупи стационирани во Македонија помогнаа да се постигне договор за прекин на огнот во 2001 година, а во 2005 година, Велика Британија помогна Македонија да добие кандидатски статус за членство во Европската Унија“, вели тој во писмото.

Џонсон додава дека оваа година ќе биде особено важна за двете земји – Велика Британија се подготвуваа за идната улога надвор од Европската Унија, додека Македонија, вели Џонсон, продолжува со амбициозните реформи и со барање решение за спорот за името со Грција.

„Радосен сум што ја потврдувам поддршката и пријателството од Велика Британија. Значително ја зголемуваме техничка помош на Македонија и едвај чекаме да се видиме на самитот на земјите од Западен Балкан во јули. Се надевам дека нашето партнерство само ќе расте во годините што следат“, се вели во пораката на Борис Џонсон.


ЕУ бара од САД да не се откажуваат од нуклеарниот договор со Иран


Брисел, 11 јануари, 2018 - 20:59 (META) 

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон ги повика Соединетите Американски Држави да докажат доколку постои подобра алтернатива од договорот со Иран, кој ја ограничува нуклеарната програма на оваа земја, јавуваат белгиските медиуми.

Џонсон по разговорите со колегите од Иран и од Европската Унија денеска во Брисел изјавил дека Заедничкиот сеопфатен план за работа со Иран е значајно постигнување, кое го спречува Иран да добие нуклеарно оружје.

Шефот на британската дипломатија нагласил дека Иран во целост ги исполнува своите обврски од нуклеарниот договор, потпишна во 2015 година, пренесува „Би-би-си“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп кој сака го измени или да излезе од договорот, во октомври, минатата година одби да го потпише документот со кој пред Конгресот на САД се потврдува дека Иран ги исполнува обврските од договорот.


Џонсон во декември ќе ја посети Русија


Лондон, 21 ноември, 2017 - 17:31 (META) 

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, се очекува кон крајот на декември да ја посети Русија, но засега нема барање за средба со рускиот претседател, соопшти заменик-шефот на руската дипломатија, Владимир Титов.

– Се очекува посетата да се случи во последните 10 дена на декември – рече Титов.

Џонсон требаше да ја посети Русија во април годинава, но посетата беше одложена подари нападите со хемиско оружје во Сирија.


Џонсон: Не сакаме во Зимбабве еден тиранин да наследи друг


Лондон, 15 ноември, 2017 - 17:55 (META) 

Британија не би сакала да види еден тиранин како менува друг во Зимбабве, откако војската ја презема власта во Харарех , вели шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон.

-Никој не би сакал да види транзиција од еден неизбран тиранин на друг. Сакаме да видиме слободни и чесни избори – рече Џонсон во британскиот парламент.

Претходно денеска тој рече дека е тешко да се предвиди како ситуацијата во Зимбабве ќе се развива.

-Најважната работа е дека сите сакаат да видат стабилна и успешна Зимбабве и мислам дека ние навистина апелираме до сите да се воздржат од насилство – додаде Џонсон.


Нема докази дека Русија се вмешала во изборите во Велика Британија, смета Џонсон


Лонодон, 1 ноември, 2017 - 20:11 (META) 

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, денеска изјави дека нема докази дека Русија се мешала во изборите во Велика Британија.

„Не видов никакви докази. Колку што знам, Русија немаше никаква улога“, одговорил Џонсон на новинарско прашање во врска со улогата на Русија во британските избори.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, неодамна ја обвини Русија дека се меша во изборите на другите земји за да ја поткопа нивната демократија.


Тереза Меј планира да го смени Борис Џонсон


Лондон, 8 октомври, 2017 - 16:40 (META) 

Британската премиерка Тереза Меј навести дека би можела да го смени министерот за надворешни работи, Борис Џонсон.
Најавата доаѓа во момент кога таа се обидува да го потврди својот авторитет по низата „политички катастрофи“, коментира „Ројтерс“, повикувајќи се на британскиот весник „Сандеј тајмс“.

Весникот наведува дека Меј сè уште не знае какви се нејзините планови за Џонсон, кој ѝ вети лојалност, но одредени сојузници на премиерката го обвинуваат дека ја поткопува со изнесување сопствени визии за излезот на Британија од ЕУ.
– Никогаш не бил мој стил да се кријам од предизвиците, а нема ни сега – рече Меј.

Оваа нејзина изјава британските медиуми ја толкуваат како знак дека е подготвена да воведе нови министри во својот кабинет и да ги отстрани тие што претставуваат проблем.

Меј нагласи дека дел од нејзината работа како премиерка е да обезбеди секогаш да ги има најдобрите луѓе во својот кабинет.

Авторитетот на Меј во нејзината Конзервативна партија опадна откако ги распиша предвремените парламентарни избори, на кои го изгуби мнозинството во парламентот.


Борис Џонсон: Британија ќе направи сè што може за Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ


Трст, 13 јули, 2017 - 17:24 (META) 

Велика Британија ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Македонија на нејзиниот пат за влез во Европската Унија и во НАТО, истакнал шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во рамките на самитот за Западен Балкан во Трст, Италија.

Џонсон, кој ја претставувал британската премиерка Тереза Меј на самитот, нагласил дека Британија останува партнер на Балканот и активен поддржувач на демократските процеси, како и дека пријателството со Македонија е клучно за реализација на оваа важна цел, стои во соопштението на Владата.

Џонсон, се наведува во соопштението, изразил јасна и голема поддршка на новата влада на Македонија.

Заев на средбата се заблагодарил за „огромната поддршка од Велика Британија за Македонија“ и рекол дека „новата влада ќе ја оправда добиената доверба преку посветена работа на демократски развој на Македонија и на регионот“.


Џонсон: Г7 разгледуваат воведување санкции за одредени Руси


Лука, 10 април, 2017 - 20:47 (META) 

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека министрите на државите членки на Г7 разгледуваат воведување санкции за одредени Руси.

Како што рече Џонсон, санкциите би се вовеле поради поддршката што тие ја даваат на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Џонсон наведе дека темата на разговорите кои се одржуваат во италијанскиот град Лука е „разгледување на можноста за санкции, на некои сириски воени лица и секако на руски воени лица“.

Министрите на државите членки на Г7 разговараат за одговорот на минатонеделниот напад со хемиско оружје, кој се случи во Сирија, а за кој САД ја обвинуваат владата на Башар ал Асад и неговите руски поддржувачи.


Борис Џонсон ја одложи посетата на Русија


Лондон, 27 март, 2017 - 18:36 (META) 

Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон ја одложи посетата на Русија поради промена на датумот за одржување на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Џонсон требаше за време на посетата на Москва, прва во последните пет години, да разговара со руските власти за разликите помеѓу двете земји во врска со Сирија и Украина.

Според зборовите на портпаролот на Џонсон, шефот на британската дипломатија телефонски се слушнал со неговиот колега Сергеј Лавров и изразил надеж дека посетата повторно ќе биде договорена и тоа во најкраток можен рок.

Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО е закажан за 31 март.