fbpx

Лидерите на Г7 ветија 1 милијарда дози на ковид вакцини за посиромашните земји

-

Лидерите на седумте најразвиени земји во светот ветија дека ќе донираат 1 милијарда дози на вакцини против ковид-19 на посиромашните земји. Британскиот премиер Борис Џонсон на крајот на Самитот на лидерите на Г7 во англискиот град Корнвел рече дека ова е голем чекор кон вакцинирањето на целиот свет, пренесува Би-би-си.

Премиерот Џонсон рече дека светот побарал од седумте најразвиени земји да ги одбијат себичните, националистички пристапи што го нарушуваат првичниот глобален одговор на ковид пандемијата, нагласувајќи дека со вакцинирањето на светот ќе се покажат демократските вредности на земјите од Г7.

Од најавените 1 милијарда дони на ковид вакцини, Би-би-си јавува дека Велика Британија ќе ги снабди посиромашните земји со 100 милиони дози од вакцините или по директен пат или преку КОВАКС механизмот.

Инаку, во коминикето издадено по Самитот на лидерите на Г7 се ветува дека ќе се стави крај на пандемијата и се додава дека уште веднаш ќе се вложи засилен меѓународен напор за да се вакцинира светот со испраќање на што е можно повеќе безбедни вакцини колку што е можно побрзо до луѓето.

Покрај за тековната ковид пандемија, на лидерскиот самит се дискутираше и за климатските промени, при што предводниците на седумте најразвиени земји повторно се обврзаа на целта да постигнат нула-емисии на стакленички гасови најдоцна до 2050 година и ветија оти ќе отстранат најголем дел од употребата на јагленот во производството на енергија.

На Самитот на Г7 во Корнвел претседаваше британскиот премиер Џонсон, а на него присуствуваа канадскиот премиер Џастин Трудо, францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги, јапонскиот премиер Јошихиде Суга, американскиот претседател Џо Бајден, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и Чарлс Мишел, претседател на Европскиот совет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...