fbpx

Џонсон веќе не е претседател на Ториевците, ќе остане премиер до изборот на наследник во партијата

-

Премиерот Борис Џонсон денеска си поднесе оставка од функцијата претседател на владејачката Конзервативна партија (Ториевци), а во обраќањето до британската јавност рече дека на функцијата премиер ќе остане додека не се избере негов наследник во партијата, пренесе британскиот јавен сервис Би-би-си.

На почетокот на своето обраќање, Џонсон им се заблагодари на сите што го поддржаа, велејќи дека негова должност е лично да му го предаде мандатот на новиот премиер, но дури откако ќе биде избран нов лидер на конзервативците.

„До именување на нов премиер, работата на владата ќе продолжи. Работата на премиерот е да се образова, јас ги посетив сите делови на Обединетото Кралство и запознав многу луѓе кои ја имаат таа британска оригиналност и имаат оригинален пристап кон проблемите. Иако времињата изгледаат мрачни, нашата иднина е светла“, рече Џонсон. .

Тој рече дека Обединетото Кралство мора да продолжи напред и дека тоа ќе ја направи земјата најпросперитетна во Европа.

Џонсон нагласи дека се обидел да ги убеди колегите дека би било „ексцентрично“ да се смени владата, но жали што не бил успешен во тие аргументи.

Исто така, рече дека е горд на сите тешки проблеми со кои се соочила неговата влада и дека признал дека имало многу грешки.

Џонсон додаде и дека е тажен што мора да ја напушти „најдобрата работа на светот“, како и дека „многу е болно што нема да го заврши целиот свој мандат“.

Тој се заблагодари на својата сопруга Кери, на неговите деца, на здравствените работници, на вооружените сили и на персоналот на Даунинг стрит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...