fbpx

Обединетото Кралство со санкции кон руски банки и олигарси по вчерашниот потег на Москва

-

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска информираше дека Обединетото Кралство воведува санкции против пет руски банки и тројца олигарси, јавува Индипендент. Целиот имот што го имаат во Обединетото Кралство ќе биде замрзнат, додека на поединци ќе им биде забранет нивниот влез.

Станува збор за банките Росија, ИС Банк, Џенерал Банк, Промсвјазбанк и Црноморска банка за трговија и развој, додека под санкции се и олигарсите Генадиј Тимченко, Борис Ротенберг и Игор Ротенберг.

Воедно, премиерот Џонсон додаде дека дополнителни санкции од Обединетото Кралство ќе следат во уште поголем обем во иднина, квалификувајќи го придвижувањето на руските вооружени сили во двата отцепени украински региони Донецк и Луганск како инвазија на Украина.

Ваквиот расплет на работите следува откако рускиот претседател Владимир Путин ја потпиша одлуката за признавање на суверенитетот на таканаречените Народни републики Донецк и Луганск, по што следуваше и потпишување на декретот за испраќање на руски воени сили таму.

Предупредувајќи ги британските пратеници дека треба да очекуваат руска општа офанзива врз Украина со 200.000-те руски војници на руско-украинската граница, премиерот Џонсон рече дека Путин „воспоставува изговор за целосна офанзива“, а ако се случи најлошото, Украина може да очекува да стане цел на целосна агресија.

Инаку, санкциите на Обединетото Кралство следат откако Германија преку канцеларот Олаф Шолц веќе објави дека проектот за гасоводот „Северен поток-2“ нема да биде сертифициран од Германија по најновиот потег на Русија, а со ова гасоводот нема да може да почне со работа.

По ваквата одлука на Германија, рускиот заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев денеска преку Твитер се закани дека цената на природниот гас во Европа ќе чини 2.000 евра за 1.000 метри кубни поради прекинот на постапката за сертифицирање на „Северен поток-2“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...