fbpx

Регистрирани 848 нови случаи на ковид-19, бројката на починати порасна за 22

-

Во изминативе 24 часа во земјава се откриени 848 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Регистрирани се уште 22 смртни случаи, од кои половината се од изминатово деноноќие, а останатите 11 починале претходно, но сега се евидентирани.

Направени се вкупно 3.506 тестови. Од вкупниот број на позитивни (848), регистрирани се 116 реинфекции.

Во изминативе 24 часа регистрирани сe 1.369 оздравени пациенти и 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (72г, 78г, 79г и 80г), 3 починати лица од Штип (77г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Битола (69г), Куманово (52г), Кочани (70г) и Струга (83г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (3), Штип (2), Битола (1), Велес (1), Богданци (1), Демир Хисар (1), Крива Паланка(1) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 64г. до 87г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 19.02.2022. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 6 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.874.917 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на утврдени случаи изнесува 294.407. Бројот на оздравени пациенти е 279.695, на починати е 8.937 а бројот на активни случаи изнесува 5.775.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...