fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Најчести прекршители на јавниот ред и мир се невработени мажи

Во деветте месеци од годинава, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, односно во полошкиот регион, регистрирани се вкупно 431 прекршок од областа на јавниот ред и мир, што е за 16 повеќе во споредба со ланското деветмесечје. Повеќе од половината или 277 од прекршоците се случиле на подрачјето на градот, а најчесто место на случување и понатаму е улицата. Од прекршоците, 276...

Шест лица повредени во сообраќајќи во Тетовско

Шест лица синоќа се повредени во три сообраќајни несреќи во Тетовско, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Две лица се повредени во првата сообраќајка, која се случила вчера, околу 19 часот, на улицата 167, откако „голф“ со тетовски таблички удрил во 27-годишниот М.Б. и во неговиот едногодишен син, при што им нанел телесни повреди. Повредените се префрлени во тетовската клиничка...

За најгорливите проблеми во Тетово протестираа едвај педесетина граѓани

Тетовци му дадоа мала поддршка на денешниот протест под мотото „Стоп за хасот во Тетово“. На протестот кој се одржа на градскиот плоштад, дојдоа околу 50, претежно, повозрасни лица. Велат дека е крајно време да се испрати порака за запирање на аерозагадувањето, лошата урбанизација и на недостигот од вода. Зачудени се што големите проблеми за кои денеска се протестира, не беа...

Градскиот стадион во Тетово со обновен фудбалски терен

Првата фаза од реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово, која опфаќа нова трева и дренажен ситем, е при крај. Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, која денеска беше на самото место да направи увид на реконструкцијата на стадионот, изјави дека првите фудбалски натпревари на новиот терен ќе можат да се одиграат кон крајот на ноември годинава. - Во согласност со стандардите на...

„Визијата за Македонија“ на СДСМ презентирана пред тетовци

Дел од програмата на СДСМ, „Визијата за Македонија“, синоќа беше презентирана пред тетовци. Се промовираше првиот столб од програмата, под име одговорна влада. - Одговорна, значи отчетна и транспаретна влада. По 24 април, ќе се фокусираме најмногу на трошењето на парите, јавно ќе ги објавуваме месечните извештаи за приходите и за расходите, список на сите исплати кои ќе се вршат...

„Тетово во хаос“ e мотото на протестот најавен за петок

„Тетово во хаос“ е мотото на протестот во организација на ПДП, кој ќе биде поддржан од опозициските партии од албанскиот и од македонскиот политички блок, еколошките организации и Студентскиот парламент од Државниот универзитет во Тетово. На протестот засега свое учество најавија претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, и лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски. Ќе се протестира за загадувањето во Тетово, проблемот со...

Тетовци нудат предлози и бараат решенија од властите за проблемите во градот

Формирање центар за бесплатна правна помош за жртви од семејно насилство, општинска помош за поставување спомен-плочи на загинати бранители и цивили од воениот конфликт од 2001 година, мерки за заштита од загадување на воздухот. Ова се само дел од предлозите и од барања на тетовци кои денеска беа упатени до локалната самоуправа на форумот организиран од Националниот демократски институт. Градоначалничката...

Ахмети: Не ни требаат 10 партии на Албанците

„Не ни требаат 10 партии кои ќе им наштетат на тие десетици илјади гласови на Албанците. Силниот мандат нè прави посилни“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при посетата на Општина Желино. - Јас во мојата кариера сум се ангажирал и за слободното говорење и за слободното мислење. Не ѝ припаѓам на плејадата луѓе што го убиваат слободното говорење бидејќи оценувач е народот, кој...

Зонско паркирање во Тетово, но само на две улици

Зонското паркирање што неодамна се воведе само на булеварите Илирија и Маршал Тито, не го реши сообраќајниот хаос во Тетово. Долж овие улици, според правилата на зонското, може да се паркира само во една коловозна лента. Возачите сега бараат паркинг-место повеќе во другиот дел од градот, каде се создава дополнителен метеж. За да се регулира сообраќајот, дел од тетовци сметатаат, дека треба...

Свлечиште го блокира локалниот пат во селото Шипковица

Свлечиште на земја, околу 2 часот утринава се урна на локалниот пат во село Шипковица, Тетовско. Свлечиштето е долго 10 метри и високо 6 метри. Поради ерозија на земја, денеска се блокирани патните правци кон селата Бродец, Вешала и Бозовце. Случајот е пријавен во 7 часот утринава, а екипи на град Тетово со градежна механизација го расчистуваат теренот и очекуваат во текот на...

Тетовци немаат капка вода, властите со оптимистички изјави дека проблемот ќе се реши

Министерот за животна средина, Нурхан Изаири, и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, денеска го посетија новиот водоснабдителен систем, кој сè уште се гради на падините на Шар Планина. И двајцата оценија дека проектот за нов водовод ќе заврши за неполн месец. - Проектот за нов водоснабдителен систем, според договорот, требаше да биде изграден до крајот на декември годинава. Но, градежните...

Малолетник со нож изнудил пари од свој другар

Вчера, околу 14.30 часот, во Тетово, во дворот од средното текстилно училиште „Гоце Сточјевски“, 16-годишен малолетник со закана со нож му побарал 500 денари на свој соученик, исто така на возраст од 16 години, по што неговиот другар му дал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПДП: Зошто се заострени односите на релација Влада – Европска енергетска заедница?!

ПДП преку писмено соопштение прашува зошто Владата заради либерализацијата на струјата е влезена во конфликт со Европската енергетска заедница и со Европската унија. Најстарата политичка партија на Aлбанците бара одговор од властите, како дошло до ублажување на конфликтните односи на релација Влада - ЕВН и дали зад сцена може да експлодира некоја тајна соработка меѓу нив на штета на...

Општина Тетово ќе реконструира улици, експертите тврдат дека тоа е редовно одржување

Реконструкција на три улици најави Општина Тетово. Градежните зафати ќе изнесуваат 47 милиони денари. Се работи за улиците Индустриска, каде ќе се обноват коловозот и тротоарот во должина од 500 метри. Ќе се реконструира улицата Иво Лола Рибар во должина од 300 метри. Реконструкција деновиве ќе почне и на улицата 172, која ги поврзува Мала и Голема Речица. - Општина Тетово,...

Продолжуваат рестрикциите за вода во Тетово

Рестрикциите за вода во Тетово продолжуваат. Обилниот дожд кој заврна изминатите денови не успеа значително да ја поправи хидролошката состојба во реонот. Стабилизацијата на времето и остуството на дожд, како најава на метеоролозите за следниот период, ги уриваат надежите за прекин на рестрикциите. Низ чешмите на тетовци во едно деноноќие вкупно шест и пол часа не протекува вода. Како што појасни...

Тетово се соочува со целодневни рестрикции во водоснабдувањето

Сушното време изминативе два месеци, предизвика целодневни рестрикции на водата за пиење во Тетово. Вода за пиење нема доволно ниту во горниот, ниту во долниот дел на градот. Во некои стари тетовски населби, од чешмите протекува вода само неколку часа во текот на денот. - Се снаоѓаме како знаеме и умееме. Полниме шишиња и буриња, купуваме вода или, пак, кога...

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа „за“ да им се дадат пари на поплавените во Тетовско

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Битола денеска не го поддржале предлогот на опозицијата за поплавените во Тетовско да се издвојат еден милион денари од буџетот на Општината како помош за претрпените штети. Советникот на ЛДП, Валентин Груевски, на денешната седница дал предлог дневниот ред да биде дополнет со одлука за утврдување финансиска помош за поплавените во Тетово и во Тетовско во висина...

Одбележана годишнина од загинат македонски војник на боиштата во Вуковар

Одбележана 24 годишнината од загинувањето на војникот Драгослав Петровски Чиче од тетовското село Ратае, кој животот го загуби во војната во Вуковар во 1991 година. На денешното одбележување на 24 годишнината од неговата смрт, букети цвеќиња пред неговиот гроб положија неговите роднини и пријател и Одборот на бранители. - Наша обврска е да се потсетуваме на сите македонски бранители, без разлика...

Странски експерти: Заштита од идни поплави со регулирање на водотеците

Следење на ситуацијата со ерозијата на земјата и нејзино мерење и информирање на граѓаните со цел подигање на јавната свест за нивниот однос кон природата, се само дел од краткорочните препораки на странските експерти, за заштита од можни идни ерозивни процеси и поплави во полошкиот регион. Препораките се дадени по направениот увид на поплавените подрачја од страна на седум странски...

Груевски: Зошто СДСМ го одби предлогот за бонус 17 пратеници ако се веќе победници?

Премиерот Никола Груевски е зачуден што опозицијата го одби предлогот за бонус од 17 пратеници за тој што ќе победи на предвремените парламентарни избори. - Одбивањето на предлогот ме чуди. Зошто тоа го прават, ако самата СДСМ прокламира дека е победничка - рече Груевски. На изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека за мнозински модел на избори потребен е попис,...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...