Тетово се соочува со целодневни рестрикции во водоснабдувањето

-

Сушното време изминативе два месеци, предизвика целодневни рестрикции на водата за пиење во Тетово. Вода за пиење нема доволно ниту во горниот, ниту во долниот дел на градот. Во некои стари тетовски населби, од чешмите протекува вода само неколку часа во текот на денот.

– Се снаоѓаме како знаеме и умееме. Полниме шишиња и буриња, купуваме вода или, пак, кога ќе дојде водата, набрзина ги завршуваме основните работи. Срамота е во 21 век во градот под Шар Планина, која е преполна со извори, да нема вода – вели жител на градот.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово велат дека топлото време, за само една надела ја намалило издашноста на шарските извори за 100 литри вода во секунда. Сега во тетовскиот водовод истекуваат околу 200 литри вода во секунда, што е недоволно за потребите на градот.

– За да има Тетово доволно вода, потребно е изворите да имаат издашност од 350 литри вода во секунда. За жал, таа вода ја немаме. За ублажување на состојбата, ги активиравме и четирите бунари со резерви на вода, кои даваат само 40 литри вода во секунда. Единствен спас за надминување на проблемот со водоснабдувањето е промена на времето, односно врнежи, кои ги очекуваме во есенскиот период – изјави Борче Бојоски од Јавното комунално претпријатие Тетово.

Според Бојоски, причина за недостигот од вода е и нерационалното користење на водата, со која граѓаните ги прскаат тротоарите и другите јавни површини, полеваат бавчи и слично.

ОД ЈКП Тетово се надеваат дека до крајот на годинава ќе се изгради новиот тетовски водовод, кој во градот ќе донесе дополнителни 200 литри вода во секунда, доволна за да се задоволат потребите на граѓаните со чиста вода за пиење.

З.Д.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...