fbpx

Одбележана годишнина од загинат македонски војник на боиштата во Вуковар

-

Одбележана 24 годишнината од загинувањето на војникот Драгослав Петровски Чиче од тетовското село Ратае, кој животот го загуби во војната во Вуковар во 1991 година.

На денешното одбележување на 24 годишнината од неговата смрт, букети цвеќиња пред неговиот гроб положија неговите роднини и пријател и Одборот на бранители.

– Наша обврска е да се потсетуваме на сите македонски бранители, без разлика дали загинале во воениот конфликт во 2001 година, за време на Првата или Втората светска војна или, пак, за време на војните во поранешна Југославија. Затоа што сите бранители своевремено си ја бранеле својата таковина – изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

Воениот рок, Драгослав го почнал во Рума, по што е префрлен во Вуковар, Хрватска каде веќе се одвивале воените дејствија.

Таму тој загинува во заседа, на последниот ден од одслужувањето на воениот рок. Тогаш имал 21 година.

Драгослав е еден од 54 војници од Македонија кои загинале на боиштата во поранешна Југославија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...