fbpx
Таг: санкции

таг: санкции

ФООМ: Повиците за „чиста Македонија“ се основа за влошување на меѓуетничките односи

Фондацијата Отворено општество – Македонија ги следи состојбите кои ескалираа со немири пред Владата, Собранието и Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и изразува сериозна загриженост за ескалацијата на омраза на етничка основа, соопштуваат оттаму. „Насилството и омразата која беше забележана изминативе денови на протестите, преку повиците за „чиста Македонија“, поттикната од говорите на протестантите, претставува основа за...

Европскиот парламент со нова проценка за политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Косово и Србија

Европскиот парламент денеска ја презентираше својата проценка за политичката ситуација во три земји-пристапнички: Босна и Херцеговина, Косово и Србија. Босна и Херцеговина: Ставање крај на политичкиот ќорсокак и унапредување на реформите Европратениците ја потврдија својата поддршка за евроатлантската ориентација на Босна и Херцеговина. Сепак, тие силно ги осудуваат сите реторики на омраза и попречувачки дејствија, вклучително и повлекување и опструкција на...

Блокирани 890.000 долари од Русија за руската амбасада во Софија

Применети се во практика санкциите на ЕУ против Русија и блокиран банкарски трансфер на 890.000 американски долари од Русија за руската амбасада во Бугарија, објави бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев, пренесува mediapoool.bg. Василев објасни дека станува збор за автоматска примена на санкциите од ЕУ, без посебни самостојни дејствија на Бугарија. Паричниот трансфер бил за платите на лицата...

Во еден ден казнети 247 возачи

Во текот на вчерашниот ден (02.07) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи, информираат оттаму. „Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се...

Пендаровски до Мишел: Лидерите на ЕУ да го исполнат ветеното

Со пролонгирање на македонските евроинтеграции се разнишува кредибилитетот на Европската Унија, што истовремено значи и опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето од страна на земја-членка кон земја-кандидат за членство од билатерални причини, не само што флагрантно го прекршува ветувањето за европска иднина на земјите од Западен Балкан, туку може и целосно да ја компромитира политиката на проширување...

Жестоки напади на руските сили за целосно освојување на Севернодонецк

Украинскиот град Севернодонецк во Луханската област утрово е жестоко нападнат од руските сили во рамките на големата офанзива, и врз градот, но и врз целиот регион се испукуваат артилериски гранати, се вршат и авионски бомбардирања, а дејствуваат и тенкови. Севернодонецк во моментот е „мал џеб“ во територијата што е речиси под целосна контрола на руските војски. „Ситуацијата во Севернодонецк е...

ЕУ се договори за делумно ембарго на увозот на нафта од Русија

Лидерите на земјите членки на Европската унија во понеделникот начелно се согласија да го намалат увозот на нафта од Русија до крајот на оваа година за 90 отсто, со што ќе се реши ќор-сокакот со Унгарија во врска со најтешката санкција што треба да ја добие официјална Москва поради војната во Украина, пренесе Ројтерс. Ова ембарго ја покрива само руската...

За брзо возење казнети 138 возачи

Министерството за внатрешни работи вчера спровело засилена акциска контрола на територијата на С. Македонија, за казнување возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возачи. „Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од...

Казнети 155 пешаци кои не преминале улица на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 166 пешаци од кои, 155 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин и неколкумина за минување на црвено светло. „За време на контролата регистрирани се и 111 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме...

ЕУ ги претстави новите санкции кон Русија, забраната за увоз на нафта е во прв план

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изнесе детали за шестиот пакет санкции кон Русија што треба да се договорат во наредните денови, пренесе Би-би-си.  Во низата од четири различни видови санкции таа рече дека санкциите ќе бидат насочени кон високи руски воени офицери кои извршиле злосторства во Буча и Мариупол. „Знаеме кои сте, нема да се извлечете со ова“,...

И покрај ЕУ санкциите, руски државен авион ја прелета Бугарија и слета во Белград

Руски државен авион Иљушин ИЛ-96-300, на специјален лет од Сочи, долета денеска претпладне во Белград преку Бугарија, иако оваа земја уште во февруари званично го затвори својот воздушен простор за руски авиони, јави телевизијата Н1. Авионот од Сочи, Русија полетал околу 8 часот наутро а на белградскиот аеродром слетал околу 9.30 часот, пренесува телевизијата податоци од веб-сервисот flightradar24.com. Авионот потоа...

По САД, и Британија денеска воведе санкции против Милорад Додик

Британија денеска објави дека ги санкционирала членот на Претседателството на Босна и Херцеговина од Република Српска (РС) Милорад Додик и претседателката на тој ентитет Жељкa Цвијановиќ, поради обидите да го нарушат легитимитетот и функционалноста на државата БиХ, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик. Британските санкции вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотот на Додик и Цвијановиќ, при што...

Фон дер Лејен и Борел денеска во Кијив ќе се сретнат со украинскиот претседател

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика денеска патуваат во главниот град на Украина, Кијив, за да се сретнат со украинскиот претседател Зеленски.   На шляху до Києва! Going to Kyiv. #StandWithUkraine @vonderleyen @eduardheger pic.twitter.com/Lw8UaQUZgB — Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) April 8, 2022 Патувањето се случува ден откако земјите-членки на ЕУ, односно Комитетот на постојани...

Обвинителството ќе казнува оправдувања за воените злосторства во Украина објавени на социјалните мрежи

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија информира дека било какво одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства поврзани со случувањата во Украина што ќе биде промовирано на социјалните медиуми е кривично дело, за што ќе биде преземен кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично...

Русија суспендирана од меѓународни натпревари, познатите брендови ги прекинуваат врските со земјата

Низа познати брендови се повлекуваат од Русија изминатава недела, меѓу кои и филмски студија, технолошки компании и производители на автомобили и облека, по руската инвазија на Украина. Стриминг платформата „Нетфликс“ објави дека паузира со сите идни проекти во Русија, соопштувајќи дека го проценува влијанието на актуелните случувања во Украина. Снимањето на серијата на руски јазик „Зато“ (Zato) е стопирано. Од...

Северна Македонија нема да се повлече од „Отворен Балкан“ и покрај ставот на Србија кон Русија

Владата на Северна Македонија нема да се повлече од „Отворен Балкан", без оглед на ставот на Србија за невоведување санкции кон Русија, како што направи Западот вклучувајќи и Албанија или и самата Северна Македонија, поради агресијата врз Украина. Според Владата на РСМ, ставот на Србија во однос на ситуацијата во Украина е внатрешна работа, пишува Порталб.мк. „За тоа каков став...

Русија го затвори своето небо за прелети од 36 држави

Русија воведе реципроцитет кон дел од земјите кои одлучија да го затворат својот воздушен простор за прелети на руски авиони. „Во согласност со нормите на меѓународното право, како одговор на забраната на европските држави дека обавувањето на летовите на цивилните авиони со кои управуваат руските авиопревозници и/или се регистрирани во Русија , воведено е ограничување на летовите на авиопревозниците од...

Украинската делегација пристигна на разговори со Русија, ЕУ и Г7 ќе ги блокираат трансакциите на руската Централна банка

Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски потврди дека украинската делегација пристигнала на украинско-белоруската граница на разговори со Русиjа за евентуален прекин на огнот. Според руската државна агенција РИА Новости, преговорите меѓу Русија и Украина за границата почнале во 10 часот по средноевропско време, а членовите на украинската делегација пристигнале со хеликоптер. Руските сили ноќеска зазедоа два мали града во југоисточна...

Пендаровски: Најранлива точка за руско влијание на Западен Балкан е Бања Лука

„Неспорно е дека македонскиот народ има симпатии кон Русија поради религијата, јазиците и словенскиот етникум. Она што мене ме загрижува е дека во политичка смисла етничките Македонци се вртат кон политичките ставови на Русија. Особено загрижувачки е што над 40 отсто од јавноста смета дека алтернатива на ЕУ е Евроазиска унија, а некои од партиите се предоминантно за оваа...

Бајден: Путин е агресор, ја почна оваа војна и тој и Русија ќе платат за тоа

Нема да влеземе во конфликт со Русија во Украина, но ќе воведеме дополнителни силни санкции и нови ограничувања за тоа што може да се извезе во Русија, изјави американскиот претседател Џо Бајден. Тој информираше дека наредил распоредување на дополнителни сили во земјите од источното крило на НАТО, така што 7.000 американски војници ќе заминат во балтичките земји, како и...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...