fbpx

ЕУ ги претстави новите санкции кон Русија, забраната за увоз на нафта е во прв план

-

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изнесе детали за шестиот пакет санкции кон Русија што треба да се договорат во наредните денови, пренесе Би-би-си. 

Во низата од четири различни видови санкции таа рече дека санкциите ќе бидат насочени кон високи руски воени офицери кои извршиле злосторства во Буча и Мариупол.

„Знаеме кои сте, нема да се извлечете со ова“, рече таа.

Понатаму, Фон дер Лајен рече дека Сбербанк, најголемата руска банка, ќе биде исклучена од СВИФТ системот за банкарски трансфери.

СВИФТ е меѓународен платен систем кој овозможува непречен и брз трансфер на пари преку границите.

Западните земји претходно рекоа дека отстранувањето на руските банки од СВИФТ ќе „ѝ наштети на нивната способност да работат на глобално ниво“.

Засега не постои консензус меѓу 27-те членки на ЕУ за укинување на употребата на рускиот природен гас – гориво кое сè уште не е цел на санкциите на ЕУ.

Германија зависи од купувањата од Москва. Според податоците од 2020 година, во времето кога официјален Берлин почна да ја намалува зависноста од рускиот гас, Германија беше најголемиот светски купувач на овој енергенс.

Сепак, Фон дер Лајен рече дека ЕУ исто така најавува крај на својата зависност од руската нафта.

„Ова ќе биде целосна забрана за увозот на целата руска нафта, поморска, цевководна, сурова и рафинирана. Ќе се погрижиме постепено да ја укинеме руската нафта за да ни се овозможи на нас и на нашите партнери осигурување алтернативни патишта за снабдување. Со тоа сакаме да го минимизираме влијанието на светските пазари. Нема да биде лесно, но во рок од шест месеци сакаме да го запреме увозот на сурова нафта од Русија, а до крајот на годината и сите други нафтени производи“, објави Урсула фон дер Лајен на Твитер.

Ставот на членките не е единствен, бидејќи Словачка веќе најави дека ќе бара изземање, а Унгарија предложи дека санкциите за снабдување со енергија за нив се „црвена линија“. За да не се случи Унгарија и Словачка да стават вето на планот на ЕУ да се забрани увозот на руската нафта, официјален Брисел предложи подолг период за спроведување на ембаргото за увоз на нафта за Унгарија и Словачка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...