Украинската делегација пристигна на разговори со Русија, ЕУ и Г7 ќе ги блокираат трансакциите на руската Централна банка

-

Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски потврди дека украинската делегација пристигнала на украинско-белоруската граница на разговори со Русиjа за евентуален прекин на огнот.

Според руската државна агенција РИА Новости, преговорите меѓу Русија и Украина за границата почнале во 10 часот по средноевропско време, а членовите на украинската делегација пристигнале со хеликоптер.

Руските сили ноќеска зазедоа два мали града во југоисточна Украина и областа околу нуклеарната централа Запорожје, објави новинската агенција Интерфакс, но наишле на силен отпор на други места додека истовремено се продлабочи дипломатската и економска изолација на Москва, пренесе Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили ги зазеле градовите Бердјанск и Енерходар во југоисточниот украински регион Запорожје, како и областа околу нуклеарната централа Запорожје.

Украина негираше дека нуклеарната централа паднала во руски раце, според новинската агенција.

Како што пишува Ројтерс, додека западните влади собраа поголема поддршка за санкциите против Москва, дипломатските маневри продолжија со приклучување на Ватикан во напорите за ставање крај на конфликтот нудејќи се како олеснувач на дијалогот меѓу Русија и Украина.

Министрите за надворешни работи на Европската Унија синоќа се договориле, со согласност на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), да ги блокираат трансакциите на руската Централна банка, соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Политичкиот договор, според Борел, го отвора патот за спроведување на мерките веќе од денеска. Тој додаде дека повеќе од половина од резервите на Централната банка на Русија се наоѓаат во банките на земјите од Г7 и оти тие резерви ќе бидат блокирани.

Во меѓувреме, како шта јавуваат руските медиуми, граѓаните на Белорусија на референдумот вчера гласале за промена на уставот, со кој се одобрува предлогот за откажување од ненуклеарниот статус.

Според британскиот Гардијан, овој потег теоретски ќе ѝ дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на белоруска територија за прв пат по распадот на Советскиот Сојуз, а одлуката за референдумот ќе стапи на сила десет дена откако ќе биде објавена во Службениот весник.

Воената агресија врз Украина трае веќе пет дена.

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и...

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи...

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а...

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека на...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...