fbpx

Тачи: Преодната влада би создала етнички конфликт

-

Политичката криза да се реши во Собранието преку анкетна комисија, а со неа да раководи лице од нашата партија, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Според Тачи, преодната влада која ја бара македонската опозиција, само би создала етнички конфликт во државата.

– Преодната влада е само барање на СДСМ, каде се нашите барања, каде се барањата на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ. Ако сите инсистираме на свое барање, ќе се создаде поголема политичка криза, а тоа може да доведе и до етничка криза. Кризата во Македонија може да се реши само преку политички договор, а потоа на сите случаи за кои обвинуваат опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ треба да се бара правна разврска – изјави Тачи.

Тој вели дека се неточни информациите дека ДПА преговара со ВМРО-ДПМНЕ за влез во Владата.

– Ние со Никола Груевски разговараме за суштински прашања, значи, да повторам, само разговараме, а не преговараме за никакви министерски места – вели Тачи.

Претседателот на ДПА смета дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку материјалите што ги објавува има цел да ги дискредитира неговите политички противници.

– Навистина жалам што јас дадов голем политички придонес за криминалецот Заев сега да не биде во затвор. Во 2008 година, паметите, кога ДПА даде силна политичка поддршка на тогашниот претседател Црвенковски, сегашниот лидер на СДСМ, Заев, да биде аболиран. Тенденцијата на Заев да ме дискредитира мене лично е политички дозволива, но ваквите инсинуации, дека ние сме во иста рамна линија со ДУИ, јавноста нема да ги прифати – рече претседателот на ДПА.

Тој изјави дека има информации оти имало сериозен напредок во решавање на спорот за името, со што конечно би се одблокирал евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...