fbpx

Судскиот совет одлучи да објави нов оглас за избор на претседател на Кривичниот суд

-

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука да објави оглас за избор на претседател на најголемиот кривичен суд во државата, Основниот суд Скопје 1.

Огласот, како што најави претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, најверојатно ќе биде објавен утре во „Службен весник“ и ќе трае 15 дена.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто токму во овој период се објавуваат огласите кога се најавени реформи во судството со реформскиот план „3-6-9“, Караџовски ги оцени како „непринципиелни и тенденциозни таквите коментари и пишувања“.

– Најавени се многупати реформи во многу области. Не може да застане работата ниту на Судскиот совет, ниту на судовите, ниту граѓаните треба да престанат да ја остваруваат правдата и да ги бараат своите права. Неспорен факт е дека шест судови работат без претседатели. Ние во континуитет објавуваме огласи, а таков е случајот и сега – изјави Караџовски.

Тој вели дека доколку се распишат локалните избори на 15 октомври, нема да може да се врши избор на претседатели на судовите, што, според него, ќе ја закочи работата на судовите.

– Не е во ред ние, како независна судска власт, да бидеме закочени во нашето работење доколку бидат распишани какви било избори. Државната комисија за спречување на корупцијата доставува мислење до сите органи и до нас. Ние би направиле прекршок доколку во тој период правиме избор на претседатели на судови. Во тој случај, ќе треба да правиме избор по одржувањето на локалните избори. Судскиот совет работи законски. Огласот ќе биде објавен најверојатно утре во „Службен весник“. Тие судии што ги исполнуваат критериумите, нека се пријават, имаат 15 дена – рече Караџовски.

Инаку, Кривичниот суд во Скопје е без претседател од почетокот на декември минатата година, кога на тогашниот претседател, Владимир Панчевски, му истече мандатот. Во меѓувреме, Судскиот совет распиша оглас за избор на негов наследник, на кој се пријавија неколку кандидати, но ниту еден од нив не беше избран, а Советот двапати назначи в.д. претседатели. Во моментов функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1 ја извршува Стојанче Рибарев, кој беше назначен во март годинава, откако претходната в.д. претседателка, Татјана Михајлова, си поднесе оставка.

Судскиот совет денеска распиша огласи и за избор на претседатели на Апелацискиот суд во Штип и на основните судови во Куманово, Тетово, Дебар и во Ресен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...