недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Зоран Караџовски | 26 резултати

Караџовски: Хроника на едно салто мортале, како “инфантилното“ СЈО го смести во ЈО

јануари 4, 2018

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски на денешната прес-конференција, меѓу другото рече оти смета дека Специјалното јавно обвинителство што поскоро треба да стане дел од редовното Јавно обвинителство и да не се чека 2019 година, како што предвидува стратегијата за реформи во правосудството, затоа што би било доцна. Тој се пожали и дека во македонското […]

Караџовски не бил „во романтична врска“ со власта, бара поголеми плати за судиите

јануари 4, 2018

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски на денешната прес-конфренцијата најави дека во 2018 година советот ќе презема конкретни активности за подобрување на условите за работа на судиите бидејќи, како што се пожали, платите во македонското судство се најниски во цела Европа. – Знаеме дека во штотуку усвоениот буџет не се предвидени средства, меѓутоа затоа треба […]

Итната седница на Судскиот совет за оставката на Рибарев – следната недела

октомври 27, 2017

Судскиот совет сè уште не ја закажал итната седница по оставката на в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, а како што изјави претседателот на Советот, Зоран Караџовски, таа најверојатно нема да биде одржана денеска и ќе биде закажана од понеделник. Во врска со тоа какво ќе биде решението на Судскиот совет околу […]

Судовите од понеделник со ново работно време – од 7.30 до 15.30 часот

август 30, 2017

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука работното време на судовите да почнува во 7.30 часот и да завршува во 15.30 часот, наместо како што бешедосега, од 8.30 до 16.30 часот. Новото работно време на судовоте ќе почне да се применува од понеделник, 4 септември, според одлуката на Владата за промена на работното време на администрацијата. […]

Османи: Политиката нема да се меша, реизборот на судии ќе го прави Судскиот совет

јули 24, 2017

Политичките партии од новото парламентарно мнозинство и од Владата се за реформи, но нема да прават генерален реизбор на судии. Надлежноста на тоа е само на Судскиот совет, кој е надлежен да ги решава тие работи, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, пред почетокот на заедничката работна средба на Секретаријатот за европски прашања и […]

Судскиот совет одлучи да објави нов оглас за избор на претседател на Кривичниот суд

јули 20, 2017

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука да објави оглас за избор на претседател на најголемиот кривичен суд во државата, Основниот суд Скопје 1. Огласот, како што најави претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, најверојатно ќе биде објавен утре во „Службен весник“ и ќе трае 15 дена. Одговарајќи на новинарско прашање зошто токму во овој […]

УПОЗ: Караџовски излажа и ја остави судската администрација и без плата и без нејзино зголемување

април 13, 2017

Откако Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА) остро реагираа денеска, обвинувајќи ги првиот човек на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, и одговорните лица во Министерството за финансии, дека пред празниците не само што не го добиле најавеното зголемување на платите од 10 отсто, туку […]

Караџовски: Нова „Михајлова“ ќе бараме меѓу постојните кандидати или на нов конкурс

март 8, 2017

Судијката Татјана Михајлова, неотповикливата оставка на функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, ја даде без конкретно образложение за причините, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски. – За причините секој може да нагаѓа и да шпекулира кои се, како јас, така и вие – изјави Караџовски. Претседателот на Судскиот совет рече дека […]

ЗНМ бара Караџовски да им се извини на новинарите, а Михајлова да дозволи снимање

февруари 24, 2017

Здружение на новинарите на Македонија денеска ги осудува навредите упатени кон новинарите од претседателот на Судски совет, Зоран Караџовски, кој во изјавата од 22 февруари ги оцени извештаите на медиумите за распределувањата на судиите од кривичниот во прекршочен суд како театрални вулгарности, а новинарите ги етикетираше како „самонаречени новинари“. ЗНМ бара од претстедателот на Судскиот […]

Караџовски бил фрапиран од новинарите што известувале за новиот распоред на судии

февруари 22, 2017

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бил „зачуден и фрапиран“ од известувањето на новинарите за новиот годишен распоред на судии во Основниот суд Скопје 1, со кој извесен број судии што досега работеле на кривични предмети, се префрлени во прекршочното или во други оддели. – Јас сум зачуден, да не речам фрапиран, од навредливото однесување и […]

Караџовски: СЈО е инфантилно, а новинарите што го следат се пристрасни и сензационалисти

февруари 1, 2017

Специјалното јавно обвинителство е инфантилно, а новинарите што ги пренесуваат неговите ставови се пристрасни и сензационалисти. Ова е ставот на претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџовски, во врска со вчерашното соопштение на СЈО дека Кривичниот суд во Скопје продолжува со опструкции на нивната работа и одбива да издаде наредби за претрес што се […]

Новите претседатели на Врховниот и на Кривичниот суд ќе се знаат по Нова година

декември 22, 2016

Новите претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1 ќе бидат избрани по Нова година, потврди денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бидејќи сè уште е во тек вонредното оценување на кандидатите за оваа функција во двата суда. Советот, како што рече Караџовски, мора да го почитува и рокот од осум дена за […]

Караџовски: Не е наша работа како протекла фотографија од судењето за „Тврдина 2“

декември 5, 2016

Судскиот совет не добил никакво извествување во врска со протекувањето на фотографија од подготвителното рочиште за судењето по обвинението на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина 2“, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, додавајќи дека тоа не во надлежност на Советот. „Изнесувањето слики и јас синоќа го видов во медиумите. До нас не […]

Караџовски по средбите со Панчевски и со судиите: Проблемите во судот не се големи

ноември 28, 2016

Деветмина од вкупно 13 судии што му поднесоа претставка на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска одговорија на поканата и се појавија во Судскиот совет, каде имаа средба со членовите и со претседателот на Советот, Зоран Караџовски. Како што соопшти Караџовски по состанокот, средбата поминала во конструктивен дијалог, на кој било разговарано […]

Караџовски: Преголемата транспаретност за состојбите го урива угледот на судството

ноември 23, 2016

Преголемата транспаретност и изнесувањето информации за состојбите во судовите во медиумите го нарушуваат угледот на судството, изјави претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по денешната седница на која, меѓу другото, членовите на советот дискутираа и за последните случувања и скандали во Основниот суд Скопје 1. Караџовски не ги соопшти заклучоците што Судскиот совет ги донел за […]

Вонредно ќе се оценуваат кандидатите за претседател на Кривичниот и на Врховниот суд

ноември 23, 2016

Судскиот совет на денешната седница одлучи да изврши вонредно оценување на кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 1, Врховниот суд и на основните судови во Тетово и во Штип. На седницата, која беше затворена за јавноста, членовите на Судскиот совет околу три часа дискутираа за потребата од вонредно оценување на кандидатите за претседатели на […]

Караџовски се пожали на притисок од медиумите врз судот

октомври 20, 2016

Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџовски, денеска на прес-конференција апелираше да престанат притисоците врз судската бранша. Тој речe дека какво било мешање и притисок од медиумите врз судиите е целосно спротивно на барањата на меѓународната заедница во оваа сфера, како и прекршување на меѓународните и на домашните стандарди. Караџовски изјави дека е недозволиво […]

Судскиот совет со оглас ќе бара наследници на Неделкова и на Панчевски

октомври 7, 2016

Судскиот совет на Македонија на денешната седница донесе одлука да објави оглас за избор на претседатели на Врховниот суд и на Основниот суд Скопје 1. На актуелните претседатели на овие два суда, Лидија Неделкова и Владимир Панчевски, четиригодишниот мандат им истекува на почетокот на декември, а рокот за избор на новите претседатели е два месеци. Огласот […]

Караџовски: Изјавите на Јанева се неетички, нецивилизирани и некултурни

октомври 7, 2016

Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџовски, денеска посвети поголем дел од изјавата за медиумите за настапите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во врска со работата на судовите. Тој за изјавите на Јанева рече дека се крајно неетички, нецивилизирани и некултурни, посочувајќи ја нејзината изјава дека СЈО води истраги за судии во […]

Судскиот совет денеска избра нови 25 судии

септември 5, 2016

Судскиот совет на Република Македонија денеска избра 25 судии во повеќе судови во земјава. Дел од судиите кои се избрани за основните судови, како што пренесува „Академик.мк“, се кандидати кои ја поминале обуката во Академијата за судии и јавни обвинители и првпат ќе седнат во судиските столчиња. За повисоките судови, кандидатите се избрани според бодовите […]

Страна 1 од 2