fbpx

Софија формира тело што ќе испитува корупција на официјални лица

-

Tело што ќе испитува случаи на корупција меѓу официјални лица ќе формира Бугарија, соопшти денеска Владата во Софија.

Телото е формирано по критиките од ЕУ поради досегашниот ад-хок пристап за такви случаи.

Новото тело ќе разгледува пријави на приходи и на имот, како и евентуален судир на интереси за околу 6.000 официјални лица. Ќе бидат разгледани и евентуална корупција или други кривични дела извршени од поранешни официјални лица.

Според процени на софискиот Центар за демократски студии, во 2014 година корупцијата била најзачестена за изминатите 15 години. Според податоците од тој центар, во минатата година имало 158.000 случаи на давање мито месечно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...