fbpx

СЈО прави медиумско-политички циркус, смета Бонева

-

Кога го гледав законот за Специјалното јавно обвинителство во Собранието, никаде немаше одредба дека предистражната постапка, која треба да биде тајна, ќе биде медиумски политички циркус, изјави претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева, денеска по сослушувањето во Специјалното јавно обвинителство.

– Сите сме сведоци на тој циркус. Верувам дека тие што ве повикале ќе ви објаснат зошто сум повикана, за кој предмет и за што се разговарало – рече Бонева.

Силвана Бонева се задржа два часа во СЈО, додека лидерот на ДПА, Мехдух Тачи, со кој таа пристигна истовремено, беше во СЈО околу еден час.

Тачи, исто така, не сакаше да даде повеќе детали за тоа во кое својство е повикан и за кои случаи е испрашуван.

– Кога правото зборува, политиката треба да молчи – кратко изјави Тачи.

Во меѓувреме, во просториите на СЈО пристигна и лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски, кој исто така е повикан на сослушување. Ибраимовски не даде изјава пред распитот.

Засега нема официјални информации во врска со тоа за кој случај СЈО ги повика политичарите, но се шпекулира дека станува збор за случаите за изборни нерегуларности и манипулации, што произлегуваат од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...