fbpx

СЈО: Јанкулоска беше повикана на распит за „Титаник“

-

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денеска била повикана во Специјалното јавно обвинителство во својство на осомничена во случајот „Титаник“, потврдија за „Мета“ од СЈО.

Оттаму велат дека Јакулоска денеска побарала увид во доказите, поради што, додаваат од СЈО, таа „повторно ќе биде повикана на распит за истиот предмет за да го даде својот исказ“.

Поранешната министерка денеска не сакаше да открие за кој предмет беше повикана и ги упати новинарите одговорот да го побараат кај, како што рече, тој што ги повикал пред просториите на обвинителството.

Таа изјави дека Специјалното јавно обвинителство одамна го загубило кредибилитетот да води какви било постапки кои се повразни со правото, меѓутоа го задржала приматот на еден од најистурените организациони делови на СДСМ, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога ним им е потребно да постигнат некаква цел.

Инаку, случајот „Титаник“ е првата истражна постапка што ја отвори СЈО, пред точно една година, а се однесува на изборни нерегуларности. Покрај Јанкулоска, во случајот меѓу осомничените се и поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, и градоначалникот на општината Пустец, во Албанија, Едмонд Темелко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...