fbpx

Шилегов: На панорамското тркало местото му е во парк, а не во коритото на Вардар

-

Центарот на Скопје не е забавен парк и местото на панорамското тркало му е во забавен парк, а не во коритото на реката Вардар, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој рече дека доколку стане градоначалник, за сите одлуки ќе биде консултирана стручната јавност.

– На тој начин ќе го најдеме најдоброто стручно решение за да донесеме валидна одлука. Ако сами носите одлука за тоа што ќе се случува со „Скопје 2014“, ќе бидете новиот Никола Груевски. За панорамското тркало треба да се видат сите аспекти, да се види до каде е проектот. Неговото место не е во коритото на реката Вардар. Но, сè што ќе направиме, ќе направиме на најмала штета на граѓаните бидејќи тоа се вложени пари. Се надевам дека ќе успееме тој проект навремено, ако не е предалеку отиден, да го стопираме и панорамското тркало да биде таму каде што му е местото, а тоа е во забавен парк. Центарот на Скопје не е забавен парк – рече Шилегов.

Тој рече дека ќе ја почитува волјата на граѓаните за изгледот на ГТЦ и ќе го остави отворен за сите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...