fbpx

„Шарената револуција“ денеска со протест против корумпираното судство

-

Граѓанската иницијатива „Протестирам“, по велигденските празници, денеска ќе продолжи со протестите против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на 56 политичари и нивни соработници.

Денешниот протест ќе почне во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, а ќе биде со фокус, како што велат од „Протестирам“, на корумпираното и партизираното судство.

„Во држава во која насилството од страна на власта е секојдневно, а несовршеноста на нивните злостори аболирана, на тројца од нашите соборци за правда и за демократија им е продолжен куќниот притвор. Затоа денеска велиме доста! Доста ни е од селективна правда! Доста ни е од корумпирано судство кое им слугува на Груевски и на неговата клика! Доста ни е од судска власт за која највисок „правен“ акт е партиската книшка“, велат од „Протестирам“.

За денеска закажен е и протест во Струмица, кој ќе почне во 19 часот пред старата полиција. За утре закажани се протести во Штип во 18 часот пред Основниот суд и во Гевгелија во 19.30 часот пред Пензионерскиот дом.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...