Севернокорејскиот министер за образование е погубен, а уште двајца членови на режимот во Пјонгјанг биле испратени на превоспитување, објавија властите во Сеул.
– Министерот за образование, Ким Јонг-џин, е погубен – изјави на прес-конференција портпаролот на јужнокорејското министерство за обединување, Јеонг Јоон-хее.
Министерот Јонг-џин исто така бил и потпретседател на владата.
Под обвинение дека е антипартиски и антиреволуционерен агитатор, Ким Јонг-џин бил стрелан во јули, изјави неименуван претставник на јужнокорејското министерство.
Оттаму известуваат дека двајца севернокорејски владини претставници биле испратен на превоспитување. Меѓу нив е и Ким Јон-чол, висок претставник за меѓукорејски работи.
Откако на крајот на 2011 година на должност го наследи својот татко, Ким Јонг-ун погуби и смени голем број режимски функционери.