fbpx

Штипска „бомба“: Бонева – студентка, Захариев – бандит, а Пешевски – нечесен куп месо

-

Граѓаните во Штип се вклучуваат во враќањето на демократијата во Македонија. Каква била инволвираноста на штипскиот универзитет во матни зделки со власта и како бизнисмените во Штип кои не сакаат да соработуваат со власта се притискани од неа, како за вработување на Универзитетот „Гоце Делчев“ е доволно само некој да се повика на Антонио Милошоски, се дел од разговорите што ги презентираше претседателот на општинската организација на СДСМ во Штип, Владимир Милошев, на денешната прес-конференција.

Во телефонски разговори меѓу пратеникот Антонио Милошоски и ректорот на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, Саша Митрев, се договара вработување на човек близок до Милошоски, кој прво би почнал да волонтира таму, а потоа би се вработил.

Во првите неколку аудиоснимки можеа да се слушнат и телефонски разговори меѓу пратеничките Силвана Бонева и Надица Танчева, во кои се договара упис на универзитетот на Бонева, која самата тврди дека тоа е срамота, а Танчева вели дека „ќе се истера работата“.

Силвана Бонева и Надица Танчева разговараат за поранешниот градоначалник на Штип, Зоран Алексоски. Сличен разговор се води и меѓу Влатко Костадинов и шефот на Царинската управа, Влатко Мијалков, според кој поранешниот градоначалник е чуден човек, а некои сметаат дека „нешто не е во ред со паметот“.

Во аудиоснимките од разговори меѓу министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеникот Александар Николовски, се коментира за сегашниот градоначалник Илчо Захариев, па може да се слушне дека, според нив, Захариев е „невиден бандит“.

На прес-конференцијата беше објавен и разговор во кој секретарката на Никола Груевски бара во Штип „да се забрза акцијата, особено неопределените, сите по список, да се извадат на гласање“.

Миле Јанакиески и Ванчо Костадиновски договараат пензионерите да ги однесат на викенд во Грција и во Србија и да ги задржат на граница за да не гласаат.

Миле Јанакиески вели дека не може да се смета на претседателот на општинската организација во Центар, бидејќи за него „тој е глуп“ и додава дека нивните ќе ги остави.

Ставрески и Јанкулоска за Јанакиески се изразуваат со најпогрдни зборови („копиле“ и сл.) и на крај заклучуваат дека е „лоша копија на Никола“.

Во разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески се споменува и вицепремиерот Владимир Пешевски.

Министерката се жали дека таа оди секаде каде што треба како магаре да се работи, а тој оди секаде каде што треба за сликање.

Во друг разговор Јанкулоска и Ставревски за вицепремиерот Владимир Пешевски велат дека е „дебело ѓубре, безобразен и нечесен човек, хипо, куп месо, многу злобно човечиште“.

Во разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер се открива дека Антонио Милошоски тајно гради куќа, во медитерански стил. Протоѓер потврдува малверзации од страна на Милошоски, околу земјиштето на кое се гради куќата, но и околу пријавувањето на друг имот на Милошоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...