fbpx

СДСМ: Груевски, Пешевски и Миноски во втор обид за криминал со еврообврзницата

-

„Никола Груевски, Владимир Пешевски и Кирил Миноски утрото повторно го почнаа процесот на издавање еврообврзница на износ до 650 милиони евра, со што директно го кршат Законот за јавен долг, без претходно обезбедено правно мислење од министерот за правда, согласно член 18, став 6“, се вели во соопштението на СДСМ, по вториот обид за продажбата на еврообврзницата.

Од опозициската партија потсетуваат дека со носењето одлука за ова задолжување на странските пазари, директно се кршат членовите 44, 45 и 46 од Законот за влада, како и членот 353 од Кривичниот законик.

– Предупредуваме дека сите раководни лица во државните институции инволвирани во издавањето на еврообврзицата ќе одговараат. Укажуваме уште еднаш на агентите за издавање на еврообврзницата, „Сити груп“, „Дојче банк“, „Ерсте банк“, „Сосиете женерал“ и на потенцијалните кредитори, дека ова задолжување е незаконско и ќе биде предмет на оспорување како законски јавен долг по промената на власта – се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додавааат дека издавањето на еврообврзница од 650 милиони евра е последниот обид на Никола Груевски за уништување на економијата во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да нè поколебаат

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко ги отфрла обвинувањата и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. „Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја...