Новата еврообврница е, сепак, поскапа од пропаднатата од февруари

Најдобар доказ за тоа дека новата еврообврзница е поскапа од претходната во делот на каматите и дека вкупно државата ќе отплаќа повеќе е изјавата што ја даде еден од инвеститорите во повторената аукција: „Благодарам  што сега ми плаќате подобро!“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа

-

Најдобар доказ за тоа дека новата еврообврзница е поскапа од претходната во делот на каматите и дека вкупно државата ќе отплаќа повеќе е изјавата што ја даде еден од инвеститорите во повторената аукција: „Благодарам  што сега ми плаќате подобро!“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Министерството за финансии тврди во јавноста дека со новата еврообврзница не се плаќаат повисоки каматни стапки, нешто што после проверката се утврдува како во најмала рака недоследно

Министерство за финансии:

Аукцијата за издавање на деветтата еврообврзница помина успешно, со четири пати повисок интерес од инвеститорите во однос на понудата. Преку аукцијата се обезбедија 500 милиони евра по купонска камата од 6,96%, додека дополнително 100 милиони евра се обезбедуваат од инструментот за макрофинансиска поддршка на Европската Комисија по каматна стапка од приближно 3%. Ова значи дека рефинансирањето на еврообврзницата од 2016 година и другите отплати на претходни задолжувања, кои достасуваат и за кои беа наменети овие средства, ќе се изврши според исти каматни трошоци постигнати со претходната аукција.

[Извор: Соопштение од МФ, датум: 06.03.2023]

 

Образложение:

Соопштението на Министерството за финансии е издадено во понеделникот на 6-ти март, откако беше објавено дека државата се задолжила со нови 500 милиони евра преку нова еврообврзница, уследи откако во февруари државата издаде една нова ервообврзница од 600 милиони евра, но постапката пропадна поради „процедурални причини“ како што изјави премиерот Димитар Ковачевски, а де факто поради задоцнети документи што требало да ги потпише веќе разрешениот министер за правда Никола Тупанчевски.

Суштината на дебатата е дали државата поради тие „процедурални причини ќе плаќа повеќе при отплатата или не, како што тврдат од Министерството за финансии.

Претходно земената евробврзница беше со т.н. купонска камата од 6,2 отсто и за тоа сведочат бројни објави по медиумите чиј извор повторно потекнува од официјални органи, а тука објавуваме само еден од релевантен медиум.

Новата еврообврзница е успешно издадена и лицитирана од меѓународни финансиски извори, но со т.н. купонска камата од 6,96 отсто, а со вкупна камата од 7,2 отсто, објавија дел од медиумите медиумите, исто така повикувајќи се на официјални извори.

Она што го прави Министерството за финансии е некаква математичка гимнастика во која на вкупниот процент на камати ги става и оние три отсто за задолжување од 100 милиони евра од ЕУ. Но притоа, треба да се има предвид дека доколку не постоеjа причини да се реиздаде евроoбврзницата, каматите, исто така, ќе беа пониски, бидејќи каматата на првата беше 6,2 односно вкупната камата 6,5 отсто.

Впрочем, најдобра потврда дека се плаќа повисока каматна стапка дојде од еден од финансиските консултанти кои што учествуваа во надавањето и на првата и на втората евроoбврзница во текот на годинава, Луц Роемајер, главен инвестициски директор во Capitulum Asset Management GmbH. Неговата изјава ја објави македонската редакција на Блумберг Адрија и таа гласи:

„Ви благодарам што сега ми плаќате подобро за истиот ризик за земјата“, вели тој.

Имајќи го предвид и мислењето на порaнешниот министер за финансии Џевдет Хајредини кој тврди дека не треба да се мешаат двете задолжувања кои ги прикажува власта, тогаш може да се оцени дека сооопштенито/изјава од Министерството за финансии, е во најмал рака недоследно.

Извори:

 

Оценил:Теофил Блажевски

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека...