Ревидирана бројката на загинати во земјотресот во Мексико


       
Мексико Сити, 20 септември, 2017 - 14:32 (META) 

Мексиканската служба за цивилна заштита ја ревидираше бројката загинати во вчерашниот катастрофален земјотрес од најмалку 248 на 216 жртви. Земјотресот со интензитет од 7,1 степен по Рихтеровата скала урна десетици згради и зароби многу луѓе под урнатините.

Според најновите податоци, најмалку 216 луѓе загинале во главниот град Мексико Сити и во државите Пуебла, Мексико и Морелос, велат властите.

Епицентарот на земјотресот бил на 4,5 километри на североисток од градот Сан Хуан Рабозо и 55 километри на југзапад од градот Пуебла, според Геолошкото биро на САД.