fbpx

Димитров со низа билатерални средби на маргините на ГС на ОН

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на првиот ден на маргините од генералната дебата на 72. сесија на Генералното собрание на Обединети нации остварил билатерални средби со заменик-министерот за надворешни работи на Мексико, Карлос де Гонзалес Иказа, со министерката за надворешни работи на Канада, Кристина Фриланд, министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, исо  министерката за надворешни работи на Индонезија, Ретно Марсуди, информираше МНР.

Карлос де Гонзалес Иказа го поканил Димитров да го посети Мексико, а зборувале и за билатералната соработка меѓу двете земји, за која била констатирано дека постои простор за понатамошен развој, меѓу другото и во областа на визна либерализација.

Со министерката за надворешни работи на Канада, Димитров разговарал за новата страница во домашната и во надворешната политика на Македонија по тешката политичка криза во земјата. Од нејзина страна беше изразен интерес и за состојбите во регионот, како и за новиот позитивен пристап на Македонија во односите со соседите.

Министерот Фриланд искажал целосно разбирање и поддршка за демократските аспирации на земјата и за нејзините амбиции за што поскоро приклучување кон НАТО.

Со Министерот на Украина разговарале за состојбите во регионот, унапредување на билатералната соработка, пред сè на економски план, како и преку натамошно уредување на договорната состојба, а Димитров добил покана за посета на Украина.

Димитров имал и куси средби со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, и со комесарот за европска соседска политика и за проширување, Јоханес Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...