fbpx

Радев: Имаше обид за влијанија однадвор врз изборните резултати

-

Во текот на кампањата партиите повикуваа на крајни мерки, спротивни на сегашните закони, вклучувајќи напуштање на принципот на двојно државјанство, затворање на гласачки места и затворање на границите. По изборите темата беше бргу погребана, забележа бугарскиот претседател Румен Радев во своето прво обраќање кон нацијата.

– Но проблемите остануваат. Тие проблеми не се состојат само во надворешни влијанија во избирачкиот процес, туку и со смислени обиди за систематско и длабоко навлегување и влијание врз општеството и политичкиот живот на земјата. Проблемите нема да бидат решени со ветувања, туку со закони – категорично порача бугарскиот претседател.

Тој се осврна и Бугарите надвор од границите на Бугарија. Најважната заштита на Бугарите надвор од земјата, според претседателот, е нивното право да може да се вратат во независна и суверена Бугарија.

После години негрижа за националниот суверенитет, поради неодговорност, меѓупартиски пресметки и кусогледо законодавство, денеска се неопходни одговорни и ефикасни дејствија: законодавски и организациски. На следното 44-то Народно собрание лежи одговорноста да најде решение за тие проблеми, потенцираше Радев во првото обраќање кон нацијата.

Шефот на државата ги поздравува „храброста и напорите на Министерството за правосудство да формулира конкретни предлози за законски измени“. Тие опфаќаат не само промени во изборното право, туку и клучни промени во други закони, чија цел е зацврствување на расклатениот имунитет.

-Предлозите за промени на законите за вероисповеста, за политичките партии и за бугарското државјанство ставаат цврст бедем пред дејствијата насочени против нашата независност, интегритетот на државата и општеството – потцрта Радев.

Последните предлози, меѓутоа, не останаа надвор од фокусот на општествената дебата.

-Дебатата ја извади политичката класа од долгогодишната летаргија на таа тема. Верувам дека во еден разумен и конструктивен дијалог ќе се најдат подобри решенија. Тие треба да ја почитуваат и нашата припадност во европското семејство. Кога зборуваме за права и обврска, треба да ги споредуваме со далеку построгите ограничувања во редица држави од Европската Унија, кои за нас се еталон за демократија – рече Радев.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...