Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


       
Скопје, 21 март, 2018 - 8:54 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне.

Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде локално се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8 , а дневната од 10 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.

Утринската температура ќе се спушти до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Локално ќе има услови за појава на замрзнат дожд. На повеќе места се очекува да наврнат околу 20 литри на квадратен метар. Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.

Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд.