Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи


       
Скопје, 1 август, 2018 - 9:08 (META) 

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони.
УВ индексот ќе изнесува 8.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната температура од 26 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони.
Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната температура до 34 Целзиусови степени.