fbpx

Димитров по четврти пат ќе се обиде да реферира за надворешната политика

-

Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за надворешна политика и Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за надворешна политика треба да ја продолжи седницата на која е најавено излагање за остварувањето на меѓународната политика на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Седницата на оваа Комисија досега беше неколкупати одложувана.

Министерот Димитров не успеа да се обрати пред членовите на Комисијата, бидејќи претседателот на Комисијата Антонио Милошоски бараше пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат да ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија. Материјалите, рече, се битни за меѓународната политика и за работата на министерот Димитров.

Недоставувањето, според Милошовски, значи дека владејачкото мнозинство нешто сокрива и остава простор за сомнеж.

Во понеделникот седницата беше презакажана за 1 август поради одредени собраниски обврски поврзани со координацијата на пратеничката група, во врска со најавената пленарна седница за утврдување на референдумското прашање во однос на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2019 година е единствена точка на дневниот ред на Буџетскиот совет на Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...