fbpx

Порталите што утринава паднаа проработеа, „Унет“ детално ќе извести за проблемот

-

Македонските портали што утринава беа недостапни поради проблеми на провајдерот „Унет“, повторно проработеа околу 13 часот.

Генералниот менаџер на „Унет“, Анета Пешева, за „Мета“ изјави дека в понеделник ќе излезат со детални информации за техничките причини поради кои настанале проблемите.

– Во текот на раните утрински часови македонскиот хостинг-провајдер „Унет клауд“ имаше технички проблеми со главните телекомуникациски линкови. За причините што го предизвикаа овој проблем ќе бидат известени нашите корисници, а ќе направиме сè што е во наша моќ ваквите ситуации во иднина да бидат превенирани – се вели во официјалното соопштение на компанијата „Унет“.

Пристапот  утринава беше оневозможен до веб-страниците на „Фокус“, „Нова ТВ“, „Либертас“, „СДК“, „Локално“, „Плусинфо“, „МКД“, како и на електронските изданија на дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вечер“.

Директорот на „Унет“, Антони Пешев, за „Мета“ категорично тврдеше дека не се работи за никаков хакерски напад туку за класичен технички проблем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...