петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: портали | 22 резултати

Со две евра пропаганда во медиумите ќе се „купува“ гласот на граѓаните

13 март 2020

Вкупно 345 медиуми – телевизии, радија, печaтeни и онлaјн медиуми – ќе учествуваат во трката за поделба на 3,6 милиони евра јавни пари предвидени за платено политичко рекламирање на партиите од власта и опозицијата. На престојните парламенатни избори планирани за 12 април годинава, власта и опозицијата, во лов на гласови преку огласување во медиуми, на […]

Српски портали ги слушаат само бомбите на „Ла Верита“, но не и изјавите на Заев

27 јануари 2020

Дел од српските медиуми, меѓу кои и порталот „Мондо“,  излегоа со тенденциозни написи: „ЗАЕВ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКАНДАЛ: Експремиерот на Северна Македонија  купувал гласови! (ZAEV U CENTRU SKANDALA: Ex premijer Severne Makedonije kupovao glasove!). Ва самите наслови ова се соопштува како да е целосна вистина, како да е потврдено од некоја официјална институција. Иако, всушност, станува збор за пишување на Италијанскиот весник „Ла верита “, кој […]

Српски медиуми веќе го сменија Трамп!

20 декември 2019

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, Мета.мк редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Шеесет и седум он-лајн медиуми се дел од „Промедиа“ – првиот национален регистер што го води СЕЕМ

18 декември 2019

Првиот национален доброволен регистер на професионални он-лајн медиуми беше претставен денеска во Скопје, со 67 медиуми кои ги исполнуваат условите што беа воспоставени од Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ). Меѓу медиумите во регистрот наречен Промедиа (Promedi@) се „Мета“. „Порталб“ и „Вистиномер“, чиј издавач е Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје. […]

Албанија почна со остварување на заканите против онлајн медиумите

15 октомври 2018

Агенцијата за електронски и поштенски комуникации на Албанија (АКЕП) вчера им даде рок од три дена на вработените во 44 онлајн медиуми да извадат даночен број и да го објават на веб-страницата, што предизвика нов бран остри реакции од новинарската фела за притисок на власта врз медиумите. Наведените онлајн-медиуми се во најголем дел критичари на […]

Албанија: Експлозија од анонимни портали полни со непроверени вести

24 септември 2018

Во Албанија во последниве години има поплава од онлајн медиуми. Многу од нив не се транспарентни и „произведуваат“ непроверени вести, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Еден од овие медиуми е Pamfleti.net. Многу од вестите објавени на овој портал се всушност тврдења презентирани во форма на факти. На пример, една од најчитаните вести на овој […]

Трајчевски: Порталите нема потреба да се регулираат, туку само да се регистрираат

22 декември 2017

Невозможно е регулирање на интернет порталите, порача Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешниот јавен состанок на кој ги презентираше активностите за четвртото тромесечје со фокус на медиумскиот мониторинг за локалните избори. – Не станува збор за регулирање, туку најмногу за регистрирање и нотификација. Сметаме дека е невозможно […]

Манчевски: За законот за ААВМУ не ни се брза, а за законот за медиуми – апсолутно не се брза

22 ноември 2017

Ако за законот за ААВМУ не ни се брза, за законот за медиуми – апсолутно не ни се брза да го донесеме, изјави денеска министерот за информатичко општество и за администрација, Дамјан Манчевски, во паузата на 13. Kонференција „Е-општество“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. – Законот за ААВМУ веќе три години се дебатира […]

Манчевски: Владата нема да иницира регулирање на работата на порталите

14 ноември 2017

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска соопшти дека Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми за да се регулира работата на порталите. Сепак, тој додаде дека остануваат отворени за сугестии за законот ако професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа. – Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, […]

Анкета на ИРИ: Вести најмногу се гледаат на „Сител“, „Алсат-М“, ТВ 24, „Телма“ и на „Канал 5“

19 септември 2017

Големо мнозинство од македонските граѓани за политичките случувања во земјава се информираат преку телевизија, а најмалку преку радиото како медиуми, покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена од 4 до 21 август оваа година. Телевизијата како главен извор за политички вести ја посочиле 85 отсто од граѓаните, 39 проценти рекле дека за политичките […]

Порталите што утринава паднаа проработеа, „Унет“ детално ќе извести за проблемот

19 ноември 2016

Македонските портали што утринава беа недостапни поради проблеми на провајдерот „Унет“, повторно проработеа околу 13 часот. Генералниот менаџер на „Унет“, Анета Пешева, за „Мета“ изјави дека в понеделник ќе излезат со детални информации за техничките причини поради кои настанале проблемите. – Во текот на раните утрински часови македонскиот хостинг-провајдер „Унет клауд“ имаше технички проблеми со главните телекомуникациски линкови. За […]

Порталите паднаа, „Унет“ тврди дека проблемот бил технички, а не хакерски напад

19 ноември 2016

Утринава голем дел од македонските портали паднаа, поради проблеми на провајдерот „Унет“, кој е техничка поддршка на овие медиуми. Пристапот е оневозможен до веб-страниците на „фокус.мк“, „новатв.мк“, „либертас.мк“, „сдк.мк“, „локално.мк“, „плусинфо.мк“, „мкд.мк“ како и на електронските изданија на дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вечер“. „Мета“ разговараше со неколкумина главни уредници на портали и веб-страници […]

Грчките новинари најавија штрајк поради новиот закон за пензии

25 октомври 2016

Грчките новинари денеска ќе стапат во петчасовен штрајк во знак на протест поради новиот закон за пензии, соопшти Здружението на новинари на дневните атински весници. – Штрајковите ги опфаќаат сите новинари што работат во приватни, државни и во јавни медиуми, државни радија и на телевизискиот канал ЕРТ, Атинско-македонска новинска агенција АНА, во генералниот секретаријат за информирање […]

Цензурирани албански портали и фејсбук-страници со антивладини содржини

18 октомври 2016

На една од најпознатите страници на „Фејсбук“ во Албанија, позната како „Лолита“, неодамна се појави објава во која се наведува дека неколку претходни објави, поврзани со државници и со бизнисмени, биле отстранети од „Фејсбук“, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. ФБ-страницата „Лолита“ е отворена од тројца млади студенти кои засега сакаат да останат анонимни, а на неа […]

АВМУ предлага стодневен изборен надзор на радиодифузерите, но не и на порталите

23 август 2016

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ја презентираше нацрт-методологијата за надзор на изборното медиумско претставување на радио и на телевизиските станици за време на претстојните предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат во декември годинава. Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, соопшти дека Агенцијата подготвила нова методологија која ќе важи само за претстојните […]

Совет за етика: Медиумите не смеат да служат како средство за пропаганда

20 април 2016

Советот за етика во медиумите, набљудувајќи го медиумското известување по најновите превирања на политички план и реакциите на граѓаните, ги потсетува медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да не служат како платформа за потпалување на ситуацијата и за засилување на тензиите во општеството. Имајќи го предвид фундаменталното право на слобода на медумите, од […]

Интернет-порталите пак куртулија од надзор за време на изборите

10 април 2016

Првпат во независна Република Македонија од денот на распишување на изборите, според Изборниот законик, покрај радиодифузерите, јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва, е воведена контрола и врз електронските медиуми (интернет-порталите). Оттогаш за сите медиуми почнуваат да важат правилата од Изборниот законик донесен во ноември 2015 година. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во […]

Медиумите потпишаа Повелба за етичко известување на изборите

12 февруари 2016

Денеска, во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје, новинари и уредници од поголемите медиуми во Македонија потпишаа Повелба за етичко известување за изборите, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). На потпишувањето на повелбата присуствуваа и евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп. […]

Страна 1 од 1