fbpx

АВМУ предлага стодневен изборен надзор на радиодифузерите, но не и на порталите

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ја презентираше нацрт-методологијата за надзор на изборното медиумско претставување на радио и на телевизиските станици за време на претстојните предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат во декември годинава.

Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, соопшти дека Агенцијата подготвила нова методологија која ќе важи само за претстојните избори и оти таа се темели на францускиот модел за постигнување политички плурализам надвор од изборни периоди. Со новите измени радиодифузерите ќе мора да обезбедат балансирано известување 100 дена пред одржувањето на изборите. Досега надзор се вршеше од почетокот на изборните кампањи, односно 20 дена пред одржувањето на изборите. Со новите измени, периодот на надгледување е продолжен за 80 дена.

Од АВМУ ја прецизираа методологијата што се однесува на известувањето за активностите на претставниците на власта во функција на изборно медиумско претставување. Според новата методологија, коментарот, како новинарски жанр, ќе треба да биде јасно одделен од другите новинарски жанрови, како вестите, извештаите, интервјуата, репортажите итн.

Претставниците на најголемите телевизии во Македонија реагираа дека АВМУ врши упад во последните измени на изборното законодавство, со тоа што од надзорот се изземени интернет-порталите.

Според Иван Мирчевски, директор на „Канал 5“ и претседател на Македонската медиумска асоцијација, досегашната практикс покажала дека токму на порталите се најчестите примери на ширење говор на омраза. Тој рече дека новата методологија, за која в петок ќе се расправа, остава простор за субјективно казнување на медиумите.

Со сличен став излезе и Боби Христов од „Телма“, кој истакна дека Агенцијата треба исто така да го следи начинот на кој известуваат интернет-медиумите.

Од АВМУ соопштија дека во консултација со меѓународни организации одлучиле да не ги следат интернет-порталите бидејќи нема јасна дефиниција за тоа кои електронски медиуми спаѓаат во категоријата „интернет-портал“. Од Агенцијата посочуваат дека во Македонија нема регистар на интернет-портали и оти и во меѓународната практика не се врши надзор над овој вид медиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...