fbpx

Попоски: ЕУ ќе го забави приливот на бегалци кон Северна Европа

-

Ветување од земјите од ЕУ за забавување на приливот на бегалци кон Северна Европа, добила Македонија на состанокот на министрите за надворешни работи, кој викендов се одржуваше во Амстердам, тврди министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски.

Според Попоски, Србија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Чешка ѝ понудиле на Македонија помош во полицајци, опрема и за формирање центри за регистрација, додавајќи дека не е важно како таа помош ќе биде наречена.

– Најважно е да имаме луѓе и опрема за да можеме да ја контролираме границата и да ја спроведуваме регистрацијата на оние места каде што треба луѓето легално да ја минуваат границата – вели Попоски.

Министрите на надворешни работи на ЕУ во Амстредам ја разгледуваа можноста за испраќање поголема помош за Македонија за подобра заштита на европските граници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...