This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Aug 18 11:53:46 2018 / +0000 GMT

По три часа исказ на Фејзи Азири прекинато рочиштето за „Монструм“




По тричасовниот исказ на обвинетиот Фејзи Азири судот го прекина денешното прво рочиште од повторениот судски процес за случајот „Монструм".

Пред Азири, исказ даде Агим Исмаиловиќ, кој рече дека неговиот брат Африм Исмаиловиќ е во Косово.

- Мојот брат е во Косово, комуницирав со него преку Вибер - рече тој.

На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи која е точната адреса и каде точно се наоѓа неговиот брат Африм Исмаиловиќ, обвинет во оваа постапка кој се бара по потерница, Агим рече дека тој живее во Приштина, дека адресата не ја знае, но дека косовската полиција има точни податоци и многу добро знае каде живеат и неговиот брат Африм како и обвинетиот бегалец Алил Демири.

Судскиот процес за случајот „Монструм“ продолжува на 23 мај со одбрана на останатите двајца обвинети.

Post date: 2018-05-16 17:10:24
Post date GMT: 2018-05-16 15:10:24
Post modified date: 2018-05-16 17:10:24
Post modified date GMT: 2018-05-16 15:10:24

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com