fbpx

По добиената чиста препорака, Хан и Могерини во официјална посета на Македонија

-

Високата претставничка за надворешни работа и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, еден ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија и чистата препорака на Европската комисија за почеток на пристапните преговори, престојуваат во официјална посета на земјата.

Тие лично ќе му го предадат извештајот за напредокот на премиерот Зоран Заев, а ќе разговараат со него и претставници на Владата за претстојните реформи во Македонија, кои се нотирани во извештајот за напредокот на нашата земја кон ЕУ.

Според најавите, Могерини ќе се сретне со премиерот Заев, по што е предвидена нивна заедничка прес-конференција. Високата претставничка на ЕУ утре ќе има обраќање во Собрание.

Еврокомесарот Хан, пак, исто така, ќе оствари официјална средба со претседателот на Владата Заев по што ќе одржат заедничка прес-конференцијата. Хан ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, а ќе учествува и на премиерскиот ручек на Дигиталниот самит што во наредните два дена ќе се одржи во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...