This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Jan 18 9:29:32 2019 / +0000 GMT

Петмина мртви откако воз удри автобус кај Ниш




Во голема несреќа што се случи утрово, кога воз удри автобус на „Ниш Експрес“ близу српскиот град Ниш, животите ги загубија пет лица, а се стравува дека бројката на жртви може да расте, бидејќи во Клиничкиот центар во Ниш во критична состојба се уште двајца 16-годишници.

Како што јавуваат српските медиуми, на обележан премин, но без рампи, на пругата кај Доње Меѓурово воз што сообраќал на линијата Ниш - Прокупље околу 7.30 часот удрил во автобусот во кој, покрај возрасните, имало и многу средношколци што оделе на училиште. Автобусот бил преполовен, а задниот дел од возот излегол од шините.

Во несреќата загинале двајца возрасни и едно 15-годишно момче, а подоцна во текот на операциите во Клинички центар Ниш починале 42-годишна жена и 15-годишна средношколка.

Глетката била ужасна, а според српските медиуми, полицајците, медицинскиот персонал и пожарникарите на местото на несреќата плачеле додека ги извлекувале повредените.

Повредени биле 27 лица, сите од автобусот, а во тешка состојба се десетмина.
Post date: 2018-12-21 14:21:23
Post date GMT: 2018-12-21 13:21:23
Post modified date: 2018-12-21 14:21:23
Post modified date GMT: 2018-12-21 13:21:23
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com