fbpx

Општина Штип ќе внимава да нема проблеми со експропријација при гасификацијата

-

Општина Штип има план како ќе го реши проблемот со експропријација за потребите за изградба на гасоводот, информираат од таму за „Мета“. Од Општината додаваат дека, откако ќе биде прецизно утврдена трасата на гасоводот со Основниот проект, ќе се утврди дали има потреба од експропријација или не.

„Општината при проектирање на трасата на гасоводот ќе внимава трасата да се движи по државно земјиште, за да немаме високи трошоци за експропријација. Доколку одреден дел наиде на дел од приватно земјиште, тогаш ќе има потреба од експропријација“, велат од таму.

Од Општина се претпазливи бидејќи проблемот со експропријација се појави и при изградбата на гасоводот низ Скопје. Имено, и покрај убедувањата од страна на еко-активистите дека гасоводот наместо низ Водно може да поминува по друга траса, од Влада цврсто останаа на ставот дека тој ќе се гради таму, бидејќи доколку се гради на друга траса, можни се правни проблеми со експропријација на земјиште.

– Дефинирање целосно нова траса за овој гасовод не е можна, бидеjќи тоа ќе донесе неколкукратно поголеми проблеми и штети за државата и за граѓаните: губење време за реализација на гасоводот, правни проблеми со експропријација на земјиште, губење на заемот со исплата на дополнителни големи камати, сериозно одложување на реализација на еколошкиот проект-гасовод, и со тоа поттикнување натамошно греење со огревни дрва, наместо со гас, што ја загрозува животната средина – велат од Влада за опцијата гасоводот да се гради на друга траса, наместо на Водно.

Гасификација на Градот Штип е еден од најважните проекти кој беше најавен во изборната кампања на сегашната локална власт. Штип е и првиот град, кој по Струмица и Куманово, влезе во фаза на проект за гасификација. Главниот гасовод поминува покрај Штип, а градот немаше проект за гасификација и план како ќе се гасифицира со секундарната мрежа.

Одбрана е проектантска фирма која работи на планот за гасификација и до крајот на годината ќе има готова техничка документација. Следната година, ќе се одбере најповолниот модел, односно дали гасоводот ќе се гради преку јавно-приватно партнерство или ќе биде модел со кој градот ќе ја презеде обврската. А тоа значи, Јавното претпријатие кое веќе е формирано за таа намена да се стави во функција и Општината да инвестира со средства.

„Во моментот се врши геодетско снимање на трасата каде ќе поминува гасот низ градот, за потребите на Идејниот проект и истиот треба да биде готов до крајот на следниот месец, после што ќе следи изготвувањето на Основниот проект заедно со Проектот за инфраструктура. Очекуваме целокупната проектна документација да ни биде предадена до крајот на февруари 2019 год. Веднаш после тоа следи објавување на тендер за избор на најповолен изведувач“, велат од Општина Штип за „Мета“.

Гасификацијата ќе биде поделена во неколку фази, па така од Индустриската зона ќе се навлезе во централното градско подрачје, а потоа и кон станбените зони во градот.

disklejmer1-01

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...