fbpx

Опамети се Америко, порача Трамп по нападот со мачета кај „Лувр“

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по нападот кај „Лувр“ во Париз, наведе дека Америка мора да се опамети.

Новиот шеф на Белата куќа рече дека напаѓачот е „радикален исламистички терорист“, користејќи го терминот кој и претходно го користел за такви напади.

„Нов радикален исламистички терорист штотуку извел напад во музејот „Лувр“ во Париз. Туристите биле заклучени. Франција повторно е на раб. ОПАМЕТИ СЕ АМЕРИКО“, напиша Трамп на „Твитер“.

Маж вооружен со мачета нападна и полесно рани војник во центарот на Париз, во близина на музејот „Лувр“, извикувајќи „Алах е голем“ (Алаху акбар). Тешко е повреден откако друг војник пукал во него, а француските власти покренаа истрага за нападот, кој го окарактеризираа како терористички.

Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот, кој е жив и покрај повредите.

Началникот на париската полиција Мишел Кодо потврди дека напаѓачот имал мачета и две торби и се обидел да влезе во подземниот трговски центар кај „Лувр“, пренесуваат француските медиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...