fbpx

ОН ја запреа хуманитарната помош за Алепо

-

Обединетите нации (ОН) привремено ја сопреа испораката на хуманитарна помош во Сирија по нападот во провинцијата Алепо, каде има најмногу мртви, меѓу кои и еден вработен во Црвената полумесечина, изјави во Женева портпаролот на канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош, Јенс Лерке.

– Сите конвои се привремено запрени до новите безбедносни процени на ситуацијата – рече Лерке, потврдувајќи дека конвојот што во понеделникот бил мета на воздушни напади, превезувал и помош од ОН.

Хуманитарен конвој на ОН и на сириската Црвена полумесечина се обиде да го искористи прекинот на огнот и да достави храна и лекови за 78.000 лица кои се под опсада во Алепо. Сепак, при доставувањето на помошта, конвојот стана една од метите на бомбардирањето на градот Алепо и на околината.
Најмалку 12 цивили загинаа во воздушниот напад на конвојот, кој се движел кон провинцијата Алепо, а неколку часа подоцна сириската војска прогласи крај на примирјето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...