fbpx

Обама ја разгледува можноста за испраќање оружје на Украина

-

САД ја обвинија Русија дека води војна во Украина, но досега ја исклучуваа можноста за испраќање оружје на властите во Киев.

Воената команда на НАТО и претставниците на американската администрација планираат да го поддржат испраќањето одбранбено оружје на украинските сили, кои се борат со проруските сепаратисти на истокот на Украина, објави вчера „Њујорк тајмс“.

Претседателот на САД, Барак Обама, сè уште нема донесено одлука за испраќање воена помош, но неговата администрација ја споменува темата поради новото избивање на судирот меѓу Киев и сепаратистите, кои ја поддржуваат Русија, наведува весникот.

„Њујорк тајмс“ наведува дека главниот командант на НАТО, американскиот генерал Филип Бредлов, е склон за праќање одбранбено оружје на украинските сили, а државниот секретар е отворен за расправа.

Белата куќа ја ограничува американската поддршка на „несмртоносна помош“, која вклучува безбедносни елеци, медицинска помош и радари за детектирање минофрлачки напади.

– Иако сме фокусирани на барање решение по дипломатски пат, постојано препорачуваме други опции за да се создаде простор за решавање на кризата преку преговори – изјави за весникот портпаролката на Советот за национална безбедност, Бернадет Михан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...