fbpx

Могерини и Хан: Мандатот на Заев е важен чекор за државата да излезе од кризата

-

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го ревидира својот став и да го додели мандатот за составување нова влада.

„Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го додели мандатот за формирање влада на господинот Заев, што претставува важен чекор во процесот на формирање влада. Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да надвладува за државата конечно да излезе од политичката криза“, стои во заедничкото соопштение.

Могерини и Хан повторуваат дека очекуваат наскоро да се формира влада која ќе биде посветена на имплементирање на сите делови од Договорот од Пржино, како и на реформските приоритети.

„Ги повикуваме сите парламентарни партии да ги стават своите разлики настрана и заеднички да работат на заедничката реформска агенда, да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат. Луѓето го заслужуваат тоа. Ние сме подготвени да ја поддржиме владата во нејзините реформски напори“, стои во заедничката изјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...