fbpx

Мицкоски на Могерини и се пожалил за економската стагнација и политичкиот терор

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, информираат од партијата.

Од таму додаваат дека на средбата се разговарало за европските интеграции на државата, најновиот извештај на Европската комисија и нотираните недостатоци.

„Мицкоски изрази загриженост за економската стагнација во државата, корупцијата која е широко распространета и случаите кои отвараат сериозен сомнеж за криминал во кој се вмешани највисоки преставници на власта. Политичкиот терор е широко застапен, и тој се одвива на повеќе нивоа како начин на пресметка на власта со неистомислениците, притисоците врз медиумите и недостатокот на демократски амбиент е сериозен предизвик кој државата ја уназадуваат во повеќе сфери“, информираат од партијата.

Мицкоски истакнал и дека Европската унија и е потребна на Македонија како начин за подигнување на стандардот на граѓаните, за повисок квалитет на живеење и за споделување на заедничките вредности.

„На тој план ВМРО-ДПМНЕ даде свој придонес давајќи суштински забелешки кои беа инкорпорирани во реформските закони кои беа донесени, со што партијата се вoдеше од државните интереси и интересите на граѓаните, кои, за ВМРО-ДПМНЕ, се на прво место“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...