fbpx

Судењето за „Шамарите во Центар“ презакажано за 1 јуни, одбраната бара изземање на судија

-

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, не бил во можност за време на паузата да одлучи за барањето за изземање на судијата Душан Јосифов, па судењето за предметот на СЈО „Шамарите во Центар“ е одложено и ќе продолжи во јуни.

Поради зафатеноста на адвокатите, судијата Душан Јосифов, закажа две рочишта за 1 и 6 јуни, кога ќе се сослушуваат сведоци на СЈО.

Барањето на почетокот на рочиштето го поднесе одбраната на обвинетите, поради изјавата на јавната обвинителка Катица Јанева дека одредени судии се опфатени во прислушуваните разговори.

На рочиштето на кое исказ требаше да дадат двајца сведоци, присуствуваа сите обвинети, нивните бранители со исклучок на Милан Андонов и Митко Печков, кои се адвокати на Никола Груевски и Миле Јанакиески.

Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...