fbpx

Мицкоски: На 30 септември ќе го видите мојот став за референдумот

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „Телевизија 24“ одби да одговори дали ќе излезе да гласа на референдумот за Договорот со Грција.

– Ќе мора да причекате до 30 септември и да го видите мојот став. Дали Христијан Мицкоски ќе излезе или нема да излезе на референдумот во овој момент воопшто не е важно. Важно е дека ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не води кампања за овој капитулантски договор. На овој референдум овој таканаречен договор не е дел од референдумското прашање, туку прашањето е трозначно, манипулативно и има задача да внесе забуна кај граѓаните – изјави Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...